Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска во вилата Водно на церемонија денеска им додели орден „8 Септември“ на писателот и поранешен амбасадор Јордан Плевнеш и на поетот Раде Сиљан, како и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски.
„Петмината добитници на орденот ‘8 Септември’ оставија дела што не се ограничени на еден жанр, на една сцена, една книга или едно време. Тие создаваа, истражуваа, преведуваа, играа, сликаа, но зад сите тие различни облици на творештво останува нешто заедничко, тие дела продолжуваат да живеат преку оние што ги читаат, гледаат, изучуваат и паметат“, кажа Силјановска-Давкова.
Таа денеска однесе цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, на поранешниот претседател, трагичнозагинатиот Борис Трајковски и на првиот претседател на Владата Никола Кљусев, по повод 8 Септември – Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од независноста на државата.
С. К. ДЕЛЕВСКА



