ДРОН ЈА ПОГОДИ НУКЛЕАРНАТА ЦЕНТРАЛА ВО КУРСК

    ДРОН ЈА ПОГОДИ НУКЛЕАРНАТА ЦЕНТРАЛА ВО КУРСКНападот не предизвикал пожар во централата (Фото: Росатом)

    Дрон удрил во кулата за ладење на еден од реакторските блокови на руската нуклеарна централа „Курск“, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА). Во објава на Икс, ИАЕА наведе дека централата била во функција во моментот на нападот рано во четвртокот, но дека не избувнал пожар и нејзиниот работен статус останал непроменет.

    Сите напади врз нуклеарни постројки се неприфатливи бидејќи можат да ја загрозат нуклеарната безбедност, без оглед на тоа каде се случуваат“, изјави шефот на ИАЕА, Рафаел Гроси.

    Гроси повика на максимална воена воздржаност со цел да се спречи ризикот од нуклеарна несреќа.
    Во август 2025, руската противвоздушна одбрана соборила украински дрон во близина на нуклеарната централа „Курск“, објавија руските медиуми.

    Курск граничи со Украина и постојано е цел на украински контранапади. Во 2024, украинската војска изврши ненадеен упад во регионот и неколку месеци држеше под контрола делови од него.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира