ХУТИТЕ ГО НАПАДНАА РИЈАД, ИЗБУВНА ПОЖАР КАЈ МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ

    ХУТИТЕ ГО НАПАДНАА РИЈАД, ИЗБУВНА ПОЖАР КАЈ МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМВо близина на аеродромот се запалил резервоар за гориво во сопственост на нафтената компанија „Арамко“ (Фото: Стрингер)

    Столб од црн чад е забележан во близина на меѓународниот аеродром во Ријад, неколку часа откако во саудиската престолнина беа издадени предупредувања за воздушен напад. Ова беше првпат жителите да бидат повикани да останат во затворени простори по неодамнешната ескалација на конфликтот со хутските бунтовници од соседниот Јемен.

    Во главниот град се слушнаа повеќе експлозии, а беа пријавени и сериозни проблеми на меѓународниот аеродром „Крал Халид“, при што веб-страницата за следење летови „Флајтрадар24“ извести за доцнења и откажувања на летови.

    Според еден извештај, во близина на аеродромот се запалил резервоар за гориво во сопственост на нафтената компанија „Арамко“.

    Хутите вчера објавија дека спречиле саудиски напади врз јеменскиот главен град Сана. Воениот портпарол на хутите, Јахја ал-Сареа, изјави дека Саудиска Арабија извршила 300 напади низ Јемен во изминатата недела и вети дека „тоа нема да остане без одговор“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира