СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ТРОШИ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СКАПИ ПАТУВАЊА ОТКОЛКУ ЗА БОРБА СО БОЛЕСТИ

    СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ТРОШИ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СКАПИ ПАТУВАЊА ОТКОЛКУ ЗА БОРБА СО БОЛЕСТИДиректорката на СЗО д-р Маргарет Чан при неодамнешното патување во Гвинеја престојувала во претседателски апартман кој чини 900 евра за една ноќ - на сликата е заедно со извршниот директор на агенцијата Брус Ајлвард (Фото: АП)

    Светската здравствена организација (СЗО) рутински троши околу 200 милиони долари годишно на патувања – многу повеќе отколку што троши за да се бори против најголемите проблеми во јавното здравство, вклучувајќи СИДА, туберкулоза или маларија, откриваат документите до кои дојде Асошиетед прес (АП).

    Кај што Светската здравствена организација (СЗО) има проблем со финансирањето на активностите за борба против здравствените кризи насекаде во светот, таа има проблем и со контролирањето на трошоците на своите функционери.

    Минатата година СЗО  потрошила околу 71 милион долари за борба против СИДА и хепатит. За борба против маларија потрошила 61 милион долари. За да го забави ширењето на туберкулозата СЗО инвестирала 59 милиони долари.

    Директорката на СЗО д-р Маргарет Чан при неодамнешното патување во Гвинеја, каде што ги пофали здравствените работници од западна Африка дека ја победиле еболата, престојувала во претседателски апартман во кој ноќевање чини 900 евра. Агенцијата одби да каже кој ги покрил трошоците за нејзиниот престој, со забелешка дека некогаш хотелските сметки ги плаќа земјата домаќин.

    Во изјавата за АП дадена од СЗО стои дека „природата на работата на Светската здравствена организација е таква што бара нејзините работници често да патуваат”. Тие рекле дека во споредба со 2015 година ги намалиле трошоците за патувања за 14 отсто, иако баш таа година потрошиле многу повеќе отколку во 2014 кога се појави еболата во Западна Африка.

    Од 2013, Светската здравствена организација потрошила 803 милиони долари за патувања. Буџетот на СЗО годишно изнесува околу 2 милијарди долари и го полнат даночните обврзници на 194 земји – членки.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира