АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЕВСКИ ЈА ДОБИ ПРВАТА НАГРАДА ОД ЕУ ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ЗА БАЗАТА НА ПОДАТОЦИ ЗА СУБВЕНЦИИТЕ

    АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЕВСКИ ЈА ДОБИ ПРВАТА НАГРАДА ОД ЕУ ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ЗА БАЗАТА НА ПОДАТОЦИ ЗА СУБВЕНЦИИТЕПрвонаградениот Александар Димитриевски со ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар на денешното доделување на наградите за истражувачко новинарство. (Фото: СДК.МК)

    Александар Димитриевски ја доби првата награда за истражувачко новинарство за 2016 година од Делегацијата на ЕУ за базата на податоци за субвенциите на БИРН – „Субвенции за растително и сточарско производство“, објавена на порталот „Призма“. Втората награда ја доби Зоран Јовановски за сторијата „Пеплишта на смртта“ објавена во емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат М“ телевизија и Славица Филиповска беше наградена за најдобра сторија за млад новинар за „Бугарски пасоши за чиста Македонија“, исто така, објавена во „360 степени“.

    Самуел Жбогар, шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија рече дека истражувачкото новинарство се бори против корупцијата и организираниот криминал.
    „Да се биде истражувачки новинар е стресно, тешко и понекогаш опасно. Но новинарите се храбри и тврдоглави во нивната работа. Светот не е бајка но тие придонесуваат во демократијата и владеењето на правото. Во име на ЕУ сакаме да им искажеме почит за работата и за борбата за вистината“, рече Жбогар.
    За наградата на ЕУ оваа година пријавени биле 26 автори со 32 стории.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира