Иранската државна телевизија јави дека четворица напаѓачи, вклучително и еден бомбаш самоубиец го нападнале Парламентот. Осуммина се повредени, а пукотниците уште траат.
Првичните вести се дека има и еден загинат.
Телевизијата не дава повеќе детали, ниту пак овие пукотници ги поврзува со церемонијата на осветувањето на ајатолахот Рухола Хомеини.
Еден од напаѓачите е убиен од обезбедувањето на Парламентот, а една жена е уапсена.