ЏИХАДИСТИ НАПАДНАА ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР СО СТРАНЦИ ВО МАЛИ

    ЏИХАДИСТИ НАПАДНАА ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР СО СТРАНЦИ ВО МАЛИВладата на Мали вели дека зад нападот стојат џихадисти, а уште нема информации за жртви (Фото: АФП)

    Туристички центар популарен кај западњаците во Бамако, главниот град на Мали е нападнат од вооружени напаѓачи, јавија очевидци меѓу кои и новинар на француската агенција Франс прес (АФП). Се уште нема информации за жртви. Владата на Мали вели дека зад нападот стојат џихадисти.

    Војската на Мали со помош на француски антитерористички трупи и војници на ОН се упатија кон местото на нападот и ја блокираа областа.

    Оваа западноафриканска земја се бори со џихадистите веќе неколку години, а исламистичките бунтовници оперираат на северна и централна Мали.

    Во ноември, 2015 вооружени напаѓчи ги држеа во заложништво гостите и вработените во луксузниот хотел „Радисон блу“ во Бамако, при што загинаа 20-на луѓе, меѓу кои 14 странци. Ал Каеда ја презеде одгвоор оста за нападот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира