Специјалното јавно обвинителство поднесе 17 обвиненија за 18 случаи против 94 физички и 7 правни лица, соопшти пред малку специјалната обвинителка Катица Јанева.
На прес-конференцијата во СЈО, материјалите од сите обвиненија беа ставени во купишта пакети, кои што уште денеска ќе бидат однесени во Кривичниот суд. Јанева кажа дека обвиненијата се резултат на 10-месечната работа на нејзиното обвинителство.
„Ниту 30 јуни, ниту 1 јули не менува ништо. СЈО ќе продолжи да работи“, кажа Јанева.