Огнен Чемерски, преведувач, лектор и асистент на Κатедрата за англисκи јазиκ при Филолошкиот фаκултет „Блаже Κонесκи“ во Скопје, чие капитално дело е преводот на македонски на „Моби Дик“ од Херман Мелвил, почина синоќа по кусо боледување. Имаше 43 години.
Ќе остане запаметен како брилијантен ум, редок и страсен љубител на зборот.
„Неговото заминување е ужасна загуба за неговото семејство и пријатели, но остава и недонаместлива празнина во нашата култура и наука. Таков витез како Огнен јас во животов не сум запознала. Неговото постоење е ретко богатство што нема да се заборави. Нека плови мирно“, вели писателката Румена Бужаровска, колешка и пријателка на Чемерски.
На Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ Чемерски работеше од 2013, како асистент по предметите теорија и практика на преведувањето, преведување од македонски на англиски јазик и обратно и симултано толкување. Беше активен член на Здружението на преведувачи на Македонија.
Чемерски беше дел од Професорскиот пленум, и даде активна поддршка на студентските протести. Беше гласен борец против неправдите на власта и активен учесник на протестите на Шарената револуција.
Лани на 12 април, протестираше поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција и амнестија на политичарите осомничени за криминал од прислушуваните разговори, а со објава на Фејсбук му порача на Иванов да не влегува во претседателската сала каде е мозикот што го создаде татко му, сликарот академик Глигор Чемерски, кој почина кусо пред тоа.
ИВАНОВ, ПОДАЛЕКУ ОД ДЕЛОТО НА ТАТКО МИ, ПОРАЧА СИНОТ НА ГЛИГОР ЧЕМЕРСКИ
„Одам на пρотест. А по повод телегρамата од Иванов за смρтта на татκо ми, му одговаρам да не влегува во пρетседателсκата сала со мозаиκот и да не им излегува пρед очи на тие лиκови и глетκи зашто исплуκа сѐ што тие пρетставуваат. Иванов, неκа те снема и името да ти штами за веκи веκов!“, напиша тогаш Чемерски на својот фејсбук профил.
Огнен Чемерски ќе биде погребан в недела во 12 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.