НА ХАВАИ СЕ ОГЛАСИ СИРЕНАТА ЗА НУКЛЕАРЕН НАПАД

    НА ХАВАИ СЕ ОГЛАСИ СИРЕНАТА ЗА НУКЛЕАРЕН НАПАДПроектилите со коишто располага Северна Кореја можат да досегнат до Хаваи за само 20 минути (Фото: АП)

    Хаваи ја тестираше сирената која означува предупредување од нуклеарен напад за првпат од завршувањето на студената војна.

    Ова уследи откако Северна Кореја пред неколку дена продолжи со тестирањата на своите балистички проектили, за коишто тврди дека сега можат да ја погодат целата територија на САД. Последниот, шести нуклеарен тест Северна Кореја го спроведе во септември.

    Хаваи еднаш месечно ја тестира сирената за природни катастрофи, како цунами, но жителите и туристите на овој туристички рај сега слушнаа поинаков, 20-минутен тон, што ги предупреди да не излегуваат надвор и да чекаат натамошни инструкции.

    Ваков тон за последен пат се слушнал на Хаваи кон крајот на студената војна во 80-ите години од минатиот век. Тој отсега ќе се повторува секој прв работен ден во месецот.

    „Многу е важно луѓето да го препознаваат овој тон“, кажа Верн Мијаги, директорот на Агенцијата за итни случаи на Хаваи.

    Проектилите со коишто располага Северна Кореја, наводно, можат да досегнат до Хаваи за само 20 минути.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира