ЧЕТВОРИЦА МАКЕДОНЦИ УАПСЕНИ ВО ПРАГА СО ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО ДРОГА, ПАРИ И ОРУЖЈЕ

    ЧЕТВОРИЦА МАКЕДОНЦИ УАПСЕНИ ВО ПРАГА СО ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО ДРОГА, ПАРИ И ОРУЖЈЕПолициската акција се случила во јуни, но дури денеска е објавена во јавноста. (Фото: Чешка полиција)

    Прашката полиција уапсила четворица македонски државјани – дилери на хероин, објавија чешките медиуми. При апсењето, кај нив биле пронајдени повеќе од еден милион круни и илјадници евра, еден килограм висококвалитетен хероин и оружје.

    Според извештаите, уапсените се на возраст од 20 до 41 година, а еден од нив бил поранешен војник и имал искуство во војните во бивша Југославија.

    Полициската акција се случила во јуни, но полицијата денеска ја објави, бидејќи, како што соопшти портпаролот Томаш Хулан, им било потребно време да завршат со вештачењето.

    Проценка на полицијата е дека групата заработила милиони круни од шверц на дрога. Уапсените продавале хероин најмалку две години, а го носеле од Балканот. Уапсените се во притвор и се соочуваат со казни затвор до 10 години за дилање дрога, а еден е обвинет и за недозволено поседување оружје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира