ЏЕМС БОНД

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:125:"Криминалциитерористиодцелсвет,обединетесе.Македонијавечека!

    1. Сега знаеме зошто Доста прислушувала. Тоа и било обука за новата функција. Се подготвувала одамна да биде шеф на разузнавачите. Љубчо, Љубе, Змејко, Богоевски, па дури и Стојменов, ако е од друга партија тресат гаќи од Доста. А богами и Снешка не се знае дали ќе спие мирно, кога големата сестра ќе је земе под обработка. Има да биде општ русвај.
    Љубе ја следел Доста со јапонска техника!? Доста нема гајле. Таа како кадар на Борче – Американецот ќе разработи нова техника. Американски колеџ со бугарска насока.
    Дамата разузнавач е иста како од најновите филмови за Џемс Бонд. До деведесеттите шефот на Агентот 007 беше машко. Ама, во најново време на Џемс Бонд му најдоа шефица. И Доста Димовска е во холивудски тренд. Во Македонија таа е “Шефицата М”. Се бара Џемс Бонд за нашата Доста.
    Дали Фрчко ќе се јави на огласот?
    Како порано не видовкме дека Доста е урнек за американска политичка коректност. Таму секаде е забрането пушење. Кога името на Доста Димовска буквално би го превеле на англиски, тоа би било “Стоп смоукинг”.

    2. Што се чудите како Доста стана адут на странците? Кога можеше Али Ахмети да каже дека не го сака Џаџиреџа оти бил радикален, тогаш зошто Доста да не биде Американка.
    Во оваа држава “Џемс Бонд” можеби и би можел да се сними. Ама, ај некој нека проба да сними “Монти пајтон”. Како ќе направиш пародија од нашава стварност. Па ние живееме во пародија. Не можеш да правиш пародија од пародија.

    3. Криминалци и терористи од цел свет, обединете се! Ако не ве сакаат никаде, ако ве протеруваат од други земји, ако Буш ве ставил на списокот на непожелни посетители на САД, не губете надеж. Тука е Македонија – рај за криминалци од секаков вид. Ние сите ги амнестираме. Од ситните крадци до терористите- монструми. Од припадниците на ОНА до тие што мислеле да бидат ОНА-нисти.
    ДПА и ПДП, никој не ги споменува во законот за амнестија. Тие имаат пратенички имунитет.
    Ние сме супер модел на американско – европска држава во која се почитуваат сите човекови права. Вклучувајќи го и правото да ја уриваш државата и да убиваш луѓе.
    Е па нека повели сега нека ве запре полициска патрола за пребрзо возење. Со кој образ сиромашкиот полицаец ќе ви побара казна? Со кој образ сиромашкиот судија ќе ве осуди?
    Веројатно со истиот со кој експертите за човекови права и разни монитори ќе доаѓаат да ни држат лекции за правна држава. Зборуваат за нивните држави, или за правната држава што со нивен ум ни ја направија тука? Во нашата правна држава убивањето и тероризмот се врв на почитувањето на човекови права.
    Кога ќе дојдат следниот пат баш ќе ги почитувам и безгранично ќе им верувам.

    4. Министерот за надворешни работи Слободан Чашуле ги зеде топографските карти и замина за Њујорк. За инает на велепредавниците тој лично се жртвуваше и пак тргна на долг пат за да направи херојско дело. Картите не можеше да ги однесе никој друг, туку лично Чашуле, за да биде сигурен дека ќе ја спаси Македонија. Како во партизанските филмови за курирот Јовица.
    Чашуле е сега курирот Слобица. И да врне, и да вее, и бура да коси, Чашуле пошта носи.
    Многу ме интересира колку чини задоволството да се биде курир.

    5. Љубе Бошковски ќе им гради на Македонците од Арачиново нова населба “Арачиново 1”.
    На градоначалникот од Пласница му порачале следниот пат да си оди по патот Тетово-Гостивар, наместо да мораат да го тепаат на потегот Прилеп – Битола.
    Да не избрзал случајно курирот Слобица, па во ОН однел карти што нема да важат. До изборите којзнае каде ќе ни биде границата. Идеите на Љубчо и Џафери се безгранични. Чашуле пак ќе мора да се мачи да носи нови карти. Ама барем е во предност. Го знае патот за Њујорк.

    6. Претседателот Борис Трајковски завчера рече дека Коридорот 8 за Македонија е коридор број 1. Со него ќе сме стигнеле во Европа.
    Коридорот 8 оди од Албанија до Бугарија.
    Е така ние ќе стигнеме во Европа.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира