ГУМЕНИ ОПИНЦИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:49:"Хитлерчињаоднашиотсокак

    1. Во Москва терористите држат 700 заложници во театар.
    Во Вашингтон снајперист – терорист држи 4,5 милиони луѓе во страв.
    И ние минатата година бевме заложници на борците на Али Ахмети. И кај нас цело Куманово со месеци беше држено без вода. Па ете, преживеавме.
    Зошто тогаш Американците и Русите не го прифатат македонскиот  модел на борба со терористите и нивно интегрирање во општеството? Зошто Путин и Буш се вознемируваат без потреба и бараат начин да расчистат со терористите?
    Затоа што ним нема кој да им смисли рамковен договор.

    2. Според нашиот рамковен договор, полицајците немаат право да пукаат во возило што не застанало и возачот тргнал да ги прегази. Затоа што во возилото имало Албанци. Потоа следува следува одмазда.
    Се убива младо момче што игра кошарка. Затоа што момчето е Македонец. И потоа портпаролот на идниот коалиционен партнер на Црвенковски, Агрон Буџаку го осудува убиството на младото момче, ама ја обвинува и полицијата што пукала врз возачот што тргнал да ја прегази патролата.
    Значи полицијата смее да пука, ама не во Албанци. Ако пука, тогаш Македонците не смеат да играат ни кошарка.
    Не е “Добредојдовте во Белфаст”, каде што полицајците ги обезбедуваат учениците кога одат на училиште. Кај нас е “Добредојдовте во Средниот век” . Око за око, заб за заб.

    3. Внимавајте како се облекувате кога излегувате на улица. Немој ни случајно да ви текне да облечете гумени опинци на бели чорапи. Оти некој ќе помисли дека сте Албанец. Тоа по дефиниција значи дека сте легитимна цел за тепање. Да си носеше оној чичко што пред некој ден го натепаа средношколците нормални чевли, немаше да биде натепан.
    Другиот ден во напад на скопските јавни автобуси тргнаа Албанците. Додека Македонците ги препознаваат Албанците по опинците, Албанците бараат поцврст мотив за тепање. Прашуваат како се викаш.
    Додека скопските деца се церекаа тепајќи ги старците што им личат на Албанци во знак на сочувство со убиен матурант од Тетово, во другите градови достоинствено се палеа свеќи за душа.
    Човек просто да се изненади колку мали хитлерчиња живееле во нашата улица. Ниту професорите ги виделе, ниту родителите, а тие делат правдина на база на гумените опинци. Не сакаат да се сетат кој “опинок” нив ги направил и колку се мачел за да им обезбеди школување во Скопје.
    Вчера министерот за образование Ненад Новковски, на заминување му порача на јавниот обвинител да покрене постапка против Борис Трајковски, Ристо Пенов и Трифун Костовски за “психичко малтретирање на лидерот на средношколците Николоски”. Тоа што претседателот на државата и градоначалникот на Скопје побараа кривична одговорност за организаторот на протестите кои ескалираа со кршење коли и тепање луѓе, за Новковски бил “монструозен чин”.
    Новото лидерче, што се повеќе потсетува на Љубе Бошковски прво им држеше лекции на новинарите, велејќи им дека не сака да се става акцент на излолираните инциденти. Потоа се жалеше дека Борис Трајковски не му се јавува на мобилниот телефон. На крај го искара Ристо Пенов дека не му личело на годините да го напаѓа. Сега бара средба со претседателот на државата, со мандатарот Црвенковски и евентуално со новиот спикер Никола Поповски, за заедно да седнеле на маса и да го решеле проблемот.
    Александар Николоски вели дека не е политизиран оти бил млад и се уште политички скитал. Арно ама, бидејќи е психички измалтретиран може скитајќи во политиката скитал, скитал и заскитал до ВМРО-ДПМНЕ.
    Не е убаво тоа што Николоски, како политички скитник вели дека низ главата му се вртат разни идеи. Замислете, во обид да ги елиминира грешките со опинците, да дојде до идеја на луѓето да им зашива жолти ленти на ракавите.

    4. Претседателот Трајковски беше загрижен по настаните на скопските улици. Кога тој е возбуден и не може да се искаже измислува нови зборови. На пример, Трајковски рече дека протестите со тепачки на скопските улици биле момент што кај него довел до еден “вознемир”.
    Така, нашиот претседател со вознемир апелираше вака: “Јас би кажал дури она што се случи вчера мора да се има повод, или причина, или побуда кај одредени структури, а особено кај надлежните образовни структури да и таква една желба за една таква манифестација и да има протестен собир, тоа да биде регулирано и реализирано, на вака еден цивилизациски начин”.
    Апелирам до одредените структури уште еднаш да го прочитаат апелот на претседателот и да најдат повод, или причина, или побуда да го разберат што сакал да каже. Јас разбрав, ама за жал не можам да ви го раскажам со свои зборови.

    5. Не ми е јасно и што сака да каже ВМРО-ДПМНЕ кога вели дека му дава шанса на СДСМ во рок од три години пак да го врати Љубчо на власт. Тие знаат дека ги изгубиле изборите пред еден месец, или така само им се чини? Кој ли му го смисли ова на Љубчо?
    Изгледа дека Андов уште не мисли да се пензионира. Млад е. Чека нова шанса во кариерата.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира