ПИЈАНИ И УБАВИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:41:"Вовискитоевистината

    1. До кога мисли Љубчо да прави белји, па после да ни се извинува? Сега му текна да ни се извини оти ВМРО-ДПМНЕ пред три години застана зад изборот на Борис Трајковски за претседател. Па уште го најдоа Љубе Бошковски како докажан експерт да му поставува дијагноза на Борчета. Бил заостанат во сопствениот развој! Од каде заостанат? Види колкав е, колку Љубе и Љубчо заедно. Иако претседателот е голем, тој сепак се надева дека е една од помалите грешки.
    Е така е тоа. Грешки сме. Луѓе правиме.
    По јавното извинување на Љубчо, ни олесна на сите што имавме некакви дилеми околу ликот и делото на претседателот на државата. Тоа ти е, како Љубчо да ни кажал: “Извини, ама ти го извадив окото по грешка”. А што снага заедно со Тачи покажаа да ни го изберат Борис за претседател на сите граѓани, што тепачки направија, што крв падна, па и жртви имаше… Сето тоа сега треба да му го простиме на Љубчо со едно: “Извини”.
    Ова е историско признание на грешката на Љубчо. За се што досега направи, други му беа виновни. Единствената призната грешка му е – Борис.
    Туку, кој ли ќе ни се извини за него? Кој ли го смисли Љубчо, за тој да ни го смести Борис, сосе специјалистот Љубе?
    Јави се, Доста!

    2. Се чудевме од каде вили, куќи, цели згради на Водно, крстарења со јахти, шопинзи во Дубаи, скапи фустани за балови… Како ли ги собраа парите, штедеа ли од плата, хонорарно ли работеа, имаа ли наследство од дедовци и вујковци од Америка, на бинго ли добија, гребеа ли среќки…
    Ни Љубчо, призна, ни Снешка уста отвори, ни некој од министрите посака да ни го каже рецептот за успехот. Само Ганка ја откри тајната на богатството и убавината на ВМРО-ДПМНЕ. Таа рече дека носела скапа облека оти не пиела многу виски. Штедела. Значи, повеќе не важи: “Во виното е вистината”. Туку – “во вискито е вистината”. На новата власт убавата Ганка и порача: “Ако сакате да имате скапа и убава гардероба, не пијте виски!” Е па сега, нека му ја мислат Илинка и Радмила. Сакаат да бидат убави, или пијани! А Бранко ионака изјави дека не сака да ги менува навиките.
    Е Ганка, Ганка, којзнае колку народот троши пари на виски, штом по контејнерите врие од парталави луѓе.

    3. На Љубчо за се му беа виновни новинарите. Со нив и го заврши мандатот. За да не се повтори истата грешка, тука е Никола Поповски кој пак токму со новинарите го започнува мандатот. Никола се самопрогласи за “Свети Никола – заштитник пратенички” и како вистински светец си зададе мисија да расчисти со ова зло на денешницата. Кога Свети Никола Пратенички ќе ги среди новинарите, во Македонија ќе цветаат илјада цветови. Црвени рози, за тебе другар Коле.
    Се ми е јасно како ќе функционира правилникот за ограничување на движењето на новинарите во Собранието – и маркираните места за изјава и забраната за сочекување пред тоалет и пратеничката желба никој за ништо да не ги прашува, ама не ми е јасно како Никола ќе ги подели масите во ресторанот. И како ќе им забрани на новинарите, да ѕиркаат во чиниите на пратениците. Ќе стави паравани помеѓу масите. Или, за да не се мачи, едноставно ќе стави натпис на вратата: “Забрането за кучиња и за новинари”. Ама, бидејќи Никола е докажан демократ, за кучињата забраната нема да важи.
    Не се рекло за џабе: Дај му на човека власт, да го видиш каков е. Ама, Коле наш е во согласност со политиката што ја промовираше Бранко во пристапниот говор. Тој рече дека новата власт ќе биде и со Вашингтон и со Москва и со Пекинг.
    СДСМ е распната на големата оска. Кога се во опозиција, се однесуваат како да се Американци. Кога се на власт, се претвараат во Кинези. Останува уште да се види, дали ако се угледаат на Русите, на терористите ќе им пуштат гас.

    4. Последнава недела се чувствувам како да сум се вратил на почетокот на мојата новинарска кариера. Во, не толку далечната 1989 година, кога уште живеевме во едноумие и кога си ги имавме само “Нова Македонија” и “Вечер”, кога како млад новинар ќе објавев некоја вест што не беше на линија, најважното прашање беше: “Кој ти кажа?”.
    За жал и сега, не ми се јавуваат да ми ја потврдат, или одречат информацијата. За нив не е важно:” Точно, ли е, или не е точно”. Денеска пак најважно е прашањето: “Кој ти кажа?”.
    Добро бе луѓе, зарем мислите дека уште ќе се занимаваме со ВМРО-ДПМНЕ? Дал Господ, кај нив глупости за пишување има уште многу. Ама, вестите секаде ги прави – власта.

    5. Македонија не е држава. Телеком е држава. Како што се покажа дека од таму некоја шуша зависи дали ќе бидеме вклучени, или исклучени, утре може да се случи Телеком да ни ја исклучи државата во комплет. Ни Буш не ќе може да го побара Борче по телефон, за овој да му се пожали: “Еј Џорџ, ме исклучија!”

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира