ПРИРАЧНИК ЗА ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР – ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРИРАЧНИК ЗА ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР – ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ

    На информативен разговор во полициска станица како повикано лице, присилно може да ве спроведат само со судска наредба. Но, ако имате намера да не се јавите на поканата за информативен разговор во полиција, најбезбедно е да го оправдате недоаѓањето затоа што законот предвидел можност за присилно доведување кога “лицето очигледно одбегнува да се јави на уредно доставена покана , во која било предупредено на можноста од присилно доведување и тогаш кога своето недоаѓање нема да го оправда“.

    САКАМДАКАЖАМ.МК ви пренесува дел од законската регулатива што го регулира информативниот разговор во полициска станица.

    • Било да е присилно доведено, или да се јавило доброволно на поканата, повиканото лице може да зборува, да одговара на прашањата на инспекторот што го врши сослушувањето, или да се брани со молчење. Изборот е негово уставно право.
    • Лицето кое ќе се јави на поканата, или било присилно доведено, а одбило да даде известувања, не смее повторно да се повикува заради истите причини. 
    • На информативен разговор во полиција, службеното лице може да ве повика и усно и ако се согласите, и да ве превезе во станица со службеното возило.
    • Лицето може да биде повикано и преку средствата за јавно информирање, кога е тоа неопходно, заради опасност од одлагање, кога поканата се упатува до поголем број лица за информативен разговор.
    • Повикување на малолетно лице се врши согласно Законот за семејство.
    • Секој повикан граѓанин на сослушување во полициска станица, има право на бранител.

    Информативниот полициски разговор попрецизно е разработен во Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, што го носи министерот за внатрешни работи.

    • Ако повиканото лице очигледно одбегнува да ја прими поканата, полицискиот службеник изготвува службена белешка, која ја доставува до раководителот. Тоа е всушност основата за присилно приведување без судска наредба.

    Заради собирање потребни информации, лицето кое се јавило на поканата или било присилно доведено во станица, а одбило да даде изјава од важни причини, за истото кривично дело ќе биде повикано повторно уште еднаш. Значи, според Правилникот, ако сте осомничен за кривично дело, а не за прекршок, може и по вторпат да ве повикаат на информативен разговор, иако сте се бранеле со молчење.

    За прекршочно дело, збореле – не збореле, на информативен разговор,  ви даваат платен налог, со кој треба да ја платите казната.

    За некои кривични дела, пак, ако се браните со молчење, а полицискиот инспектор собрал докази за основано сомневање дека сте го извршиле кривичното дело, поднесува кривична пријава до надлежниот јавен обвинител.

    Од извршениот разговор се прави службена белешка. За лишување од слобода, има посебна службена белешка.

    Полицијата на информативен разговор  може да приведува и без судска наредба, а лицата лишени од слобода може да ги држи во полициска станица  максимум 24 часа. Тоа е во случај ако се фатени на местото на вршење на делото, како што беа случаите со кршењето на стаклото на канцеларијата на претседателот Иванов.

    Од приведените , сите беа пуштени, само против две лица беа поднесени кривични пријави до Јавното обвинителство, кое за нив побара притвор. Тие се уште се во куќен  притвор.

    Во петок навечер во 21 часот пред полициската станица „Центар“ ќе се организира забава насловена како „Информативен разговор“, објави вчера агенцијата Мета, повикувајќи се на најави од социјалната мрежа „Фејсбук“. Забавата е замислена како одговор на информативните разговори што ги наредува министерот за внатрешни работи Митко Чавков за да ги заплаши демонстрантите.

    Идејата за забавата доаѓа откако неколку членови на Хелсиншкиот комитет и демонстранти од Шарената револуција беа повикани на информативни разговори во полициската станица „Центар“. Полицијата ги казни со по 50 евра, или општокорисна работа, затоа што со боја фрлале кон фасадите на институциите и спомениците.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира