На новиот тендер за државно субвенционирање на домашна или странска авикомпанија Владата на Македонија ќе бара отварање на четири нови дестинации од Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјави дека повикот ќе биде објавен наскоро.
„Ќе овозоможиме на сите учесници на тендерот да добиме компанија која посветено ќе работи и ги исполнува сите услови. Затоа ќе се формира комисија од повеќе институции, која ќе ја работи тендерската постaпка. Наш стремеж е да има што повеќе летови и од Охридскиот аеродром. Продолжуваме да работиме со ниско буџетните компании, тоа беше наше изборно ветување“, рече министерот Сугаревски вчера воВелес.
Договорот со актуелната унгарска ниско буџетна авио компанија Визер завршува на крајот на јуни. Таа е единствената компанија која шест години лета од Македонија со субвенционции од буџетот на Република Македонија.
Визер лета од Охридскиот аеродром кон Базел и Лондон – Лутон, а од оваа есен најавено е и отварање на линија Охрид – Виена.
На седницата на Владата во вторникот била усвоена Програмата за определување на потребни средства за потикнување и развој на авио сообраќајот во Република Македонија во периодот 2018-2021 година, соопшти Владата.
П. ПЕЧКОВ