ИВАНОВ ГО ИЗВЕСТИ СОБРАНИЕТО ДЕКА НЕ ЈА ПОТПИШУВА РАТИФИКАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

    ИВАНОВ ГО ИЗВЕСТИ СОБРАНИЕТО ДЕКА НЕ ЈА ПОТПИШУВА РАТИФИКАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈАОд годишното обраќање на Иванов во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Ѓорге Иванов го извести Собранието дека донел одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на договорот со Грција за решавање на спорот за името. Во образложението на одлуката, Иванов вели дека еден од столбовите на неговата изборна програма во 2014 година било дека не прифаќа промена на Уставот со цел промена на уставното име и за неговата програма гласале 534.910 граѓани.

    Тој тврди дека Законот за ратификација на спогодбата не е во согласност со член 51, член 118 и член 119 од Уставот на Република Македонија и вели дека спогодбата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција, што е казниво според член 308 од Кривичниот законик.

    Собранието со 69 гласа „за“ го ратификуваше договорот со Грција на 20 јуни. Сега, ратификацијата се враќа во Собранието и ако биде изгласана со 61 глас, според Уставот, претседателот е должен да го потпише Указот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира