Ликовниот салон во Велес се реновира и бидејќи дел од просторот е сала за венчавање, граѓанското склопување на браковите е во Градската библиотека.
„Има големи оштетувања на плочките од подот, испукани ѕидови. Во тек се работите за подобрување на електриката, водополагачки и молеро-фарбарско работи. Поради ова, склучувањето на браковите е во библиотеката. Штом заврши реконструкција на Ликовниот салон венчавките повторно ќе бидат таму“, вели градоначалникот Аце Коцевски.
Поради овие градежни зафати, во Ликовниот салон нема ниту изложби ниту ниту редовни активности. Изложбите договорени за ова лето се одложени за наесен.
П. ПЕЧКОВ