Изутринава било опожарено семејното возило Форд фокус на партиски функционер на СДСМ од Битола на паркингот пред комплексот згради Стара болница во центарот на Битола. Сопственикот на возилото беше советник во минатиот состав во Советот на Општина Битола.
Според полицијата, на 16.07.2017 година во 04,20 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, Г.К. (41) пријавил дека на улицата Климент Охридски опожарено било неговото патничко моторно возило Форд фокус со битолски регистерски таблици. Биле опожарени (делумно оштетени) уште две други возила Тојота jарис и Мерцедес со битолски регистерски таблици, кои биле паркирани покрај неговото возило.
Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Битола. Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА