МИЛОШОСКИ ПРАВИ САБОТАЖА ОД АНТИДРЖАВЕН ИНТЕРЕС, ОБВИНИ ДИМИТРОВ ПРЕД КОМИСИЈАТА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

    МИЛОШОСКИ ПРАВИ САБОТАЖА ОД АНТИДРЖАВЕН ИНТЕРЕС, ОБВИНИ ДИМИТРОВ ПРЕД КОМИСИЈАТА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИИ денеска работата на комисијата продолжи со процедурални надмудрувања меѓу власта и опозицијата. - Димитров на говорница во Комисијата за надворешни работи (Фото: К. Попов)

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски прави саботажа и таа саботажа ја доживува како антидржавен интерес. Тој му се обрати на Милошоски, кој првин не му даде збор на комисиската расправа, и рече дека е тука и нема што да крие од јавноста, како и дека сè ќе каже во своето експозе.

    „Во јануари на лидерската средба не беше договорено да има забелешки. Кој ги правел, не знам. Процесот за спорот за името со Грција сè уште трае и објавување на такви информации може да му наштети на процесот, бидејќи потребно е да биде ратификуван и во Грција. Надмудрување од ваков тип е исто како болеста да дојде и да го праша лекувањето до каде е процесот. Оваа саботажа ја доживувам како антидржавен интерес“, кажа Димитров.

    Милошоски го обвини Димитров дека лаже во врска со забелешките на лидерската средба.

    И денеска работата на комисијата продолжи со процедурални надмудрувања меѓу власта и опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ бараше од претседателот на Собранието Талат Џафери да дозволи да се подели материјалот кој што Милошоски го добил од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, а се води како држaвна тајна. Пратениците од власта на Милошоски му реплицираа како може тој да бара да се достават класифицирани материјали, кога му е истечен безбедносниот сертификат.

    Милошоски повтори дека тој материјал мора да биде доставен, бидејќи забелешките биле битни да се види какви ставови имале премиерот Зоран Заев и министерот Димитров на двете лидерски средби. Во тек е пауза додека трае обидот да се деблокира работата на комисијата за да може Димитров да даде отчет.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира