ПРОДЕКАНОТ НА ФМУ ВАСО РИСТОВ Е НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА МОБ

    ПРОДЕКАНОТ НА ФМУ ВАСО РИСТОВ Е НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА МОБВасов од 1986 до 2010 беше вработен во МОБ како прв трубач- солист, беше уметнички директор на Операта, а од март годинава е музички селектор на Охридско лето.

    По една година и два в.д директори, Илија Рајковски и Ќазим Асотиќ, Министерството за култура деновиве го назначи музичарот и професор Васо Ристов за генерален директор на Македонската опера и балет.

    Ристов е продекан на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а во март беше назначен за музички селектор на Охридско лето.

    „Ристов е истакнат уметник, кој зад себе има богата меѓународна професионална кариера. Има дипломирано на ФМУ во Скопје, а магистерските студии ги продолжува на музичката академијаПанчо Владигеров – Софија, Бугарија, а потоа и специјализација на ФМУ – Прага, Република Чешка.Има долгогодишно искуство во менаџирање на оперска и балетска уметност, музичко сценски изведби, музички настани и натпревар“, велат од МОБ.

    Васов од 1986 до 2010 беше вработен во МОБ како прв трубач- солист, беше уметнички директор на Операта (2005 – 2006).
    Тој е член на Здружението на музичко балетски педагози, претседател на асоцијација на дувачки оркестри во Македонија и член на асоцијацијата за југоисточна Европа за дувачки оркестри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира