ЗГРАПЧИ ГО ДЕНОТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:49:"Иниеградизаширинаимаме

    1. Не сум знаел дека во Рамковниот договор имало и некој став за обемот на градите. И европарламентарката Дорис Пак и американскиот амбасадор Лоренс Батлер, во ист ден ни порачаа дека што се однесува до употребата на јазиците, треба да се покаже широкоградост. Не кажаа само колку треба да бидеме широкогради. И дали тоа ќе се мери во сантиметри, метри, или километри. Или широкоградоста ќе ја искажеме со бројот на терористи што станале пратеници и учествуваат во власта.
    Кога веќе според Рамковниот договор човековите права во Македонија зависат од обемот на градите, не знам зошто олеснувачите од странство пред две години во Охрид не зедоа и некоја јадра жена. Навистина, и американскиот олеснувач Пердју и претседателот Трајковски се крупни луѓе, но колку можат тие да бидат широкогради, во споредба со, да речеме Доста Димовска.
    Овој историски пропуст за унапредување на човековите права мора веднаш да се поправи. Затоа, покрај Дорис Пак, тука е и непријателот на идиотите и патетичните губитници, Лоренс Батлер. Тој вели дека “целта треба да биде секој жител што полесно да комуницира со својата Влада”. Тоа значи дека ќе го следиме примерот на Мексиканците од САД кои во Конгресот во Вашингтон зборуваат на шпански јазик. Батлер им порача “и на двете страни да бидат што е можно поширокогради и поотворени во однос на она што го бараат и она што е прифатливо”.
    Значи, дами Македонки и Албанки, истурете ги градите, отворете се со што подлабоки деколтеа и зграпчете го денот. Човековите права немаат граници. Да покажеме дека и ние гради за ширина имаме, како Американците и европејците заедно. Дајте им шанса на жените од новата коалиција да потпишат уште поширокоград Охридски договор. Да и ја спротивставиме на Теута Арифи, Илинка Митрева. Освен ако Бранко не сака да прави опструкции, па наместо Илинка, на преговори да ја испрати Радмила Шеќеринска.

    2. АНА и дава ултиматуми на ДУИ, а ДУИ се правда. Кога АНА ќе рече дека и дава на ДУИ само три месеци за да го реализира Охридскиот договор, потпретседателот на Владата Муса Џафери наместо да каже дека тоа се идиоти што треба да се уапсат, се правда дека тоа е малку време и не треба да се работи со ултиматуми.
    Кој е власт во оваа држава. ДУИ, или АНА?
    Кога се пука врз седиштето на ДУИ, Али Ахмети бара помош од државата.
    Кога тој пукаше врз државата, бараше помош од НАТО.
    Колку што сме глупави, сега прашањето за јазикот и широкоградоста, ќе стане меѓународен проблем, па АНА ќе стане меѓународен фактор и… Пак Македонците – лоши, а Албанците добри.

    3. Случајот со училиштето во Шемшово ја дава вистинската слика колку ефикасно функционира владината коалиција. Прво, министерот за образование од ДУИ не можеше сам да го реши проблемот. Потоа, премиерот од СДСМ се пофали дека го решил проблемот и со името и со бистата. Учениците Македонци отидоа да учат во соседното село. Сега, следува ново објаснување зошто бистата на Јумни Јонузи не била тргната од пред училиштето. Имало многу кал, па не можеле да ја префрлат.
    Ете, таква ни е владината коалиција. Во кал до гуша.

    4. Се уште се откриваат финансиските трансакции со кои минатата власт крадела. Кога се следат патиштата и начините како огромни имоти и пари завршувале кај поединци од ВМРО-ДПМНЕ човек не може а да не помисли: Или биле многу глупави па мислеле дека нема никогаш да ги фатат, или навистина мислеле да ја растурат државата. Оти, ако нема држава, тогаш важат само тапии. А за тапиите си имале свој катастар.

    5. Љубчо во вчерашниот број на “Дневник” ни порачува нам новинарите да се разбудиме. И не обвинува за линч врз него, потсетувајќи не дека и Ал Капоне не бил затворен поради нарачка на 200 убиства, туку поради неплатен данок. Само што сме заборавиле една работа. Љубчо ни укажува: “Ал Капоне не го судеше Лаки Лучано (секоја сличност со Бранко Црвенковски, физичка и по делата е ненамерна), туку го судеше оној што има морално право на тоа”.
    Значи Љубчо признава дека е Ал Капоне. И воопшто не се сменил. Четири години додека владееше повторуваше дека краде затоа што и претходните краделе. И тогаш и сега, за нивните кражби пак му се виновни медиумите.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира