ЗЕМЈА БУДАЛИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:128:"СДСМправисезаштопобрзодазаборавимештобелјиправешеВМРО-ДПМНЕ

    1. Ме одушеви министерот за економија Илија Филиповски. Баш убаво им го плесна на новинарите. Државата ќе увезува нафта за државните резерви без тендер, затоа што во законот постои и таква можност. Значи, може тендер, ама зошто, кога не мора. Плус, Филиповски потсети дека такви зделки со непосредно договарање правела и ВМРО-ДПМНЕ.
    Е зошто господине Филиповски ги сменивме ВМРО-ДПМНЕ? За и вие исто да правите?
    Зарем таа изјава не личи како оние на Љубчо кога беше на власт:”Па и СДСМ така правеше”.
    СДСМ сега е поискусен. На своите лоши навики од осумте години кога беше на власт, ги додава и четирите години лоши навики на ВМРО-ДПМНЕ. На тој начин прави се да заборавиме на белјите што ги правеше ВМРО-ДПМНЕ.

    2. Оглас: “Трудна жена бара управен одбор за да не се досадува по дома. Плата, по договор, според партиската заслуга”.
    Едно време сопругата на Љубен Пауновски кој тогаш беше министер за одбрана во Владата на Георгиевски беше во Управен одбор на “Македонија пат”. Не се сеќавам дали Андреј Жерновски, како портпарол на ЛДП го коментираше тоа, или чекаше да дојде неговото време па и тој да си ја стави сопругата во Управен одбор на ЕСМ. И сопругата на Пауновски и оваа на Жерновски членуваат во одбори додека се на трудничко боледување.
    Не за џабе се рекло дека зад секој успешен македонски функционер, стои жена во управен одбор. А зад уште поуспешен функционер, стои трудна жена во управен одбор.
    Затоа, сопартиецот на Жерновски Петар Гошев сега има проблем со ММФ. Не може да најде пари од каде ќе ги плаќа сопругите – активистки на ЛДП. Па, за да не трпи буџетот, ќе мора да го зголеми ДДВ-то. Плус, не е тој виновен што ЛДП нема доволно членови за да може да ги пополни сите функционерски и директорски места што и припаѓаат. Затоа, ние ќе им помогнеме. За нивните жени да примаат втора плата, поголема и од некоја учителка што не е партиска активистка, ќе и земаат ДДВ на учителката. Сите од уста мора да двоиме за успешните партиски сопруги. Оти, тие тоа место си го заслужиле. Додека нивните мажи чекаа да дојдат на власт, жените им ги пеглаа кошулите и им готвеа ручек.
    Еми ш о да праиш, женската работа крај нема.

    3. Зошто се грижиме што ќе излезе од преговорите со ММФ? Министерот за финансии Петар Гошев уште во предизборието се фалеше дека нема да има зголемување на даноците. Плус, беше самоуверен дека економијата ќе ја среди, оти има одличен тим.
    И навистина Гошев има добар тим. Во првиот ешалон му се ВМРО-вците што му ги остави Никола Груевски. Вториот ешалон му се сопругите на партиските функцинери. А во третиот ешалон доаѓаат балдаските.

    4. Сега, кога Македонија заедно со САД ќе го нападне Ирак, претседателот Борис Трајковски ќе се искупи за сите битки што до сега ги изгуби за Македонија. Претседателот што не ја контролира територијата на својата држава сега ќе го контролира Ирак.
    Арно ама, Колин Пауел дал валидни докази. Тоа што ќе го каже Пауел, за Борис е закон. Тој не знае што оружје има во Тетово, ама знае што има во Багдад.
    Борис веќе не се занимава со локални жаришта како што е Македонија. Тој тероризмот глобално ќе го уништува. Не за џабе неговиот портпарол ни кажа дека за безбедносната ситуација во државата претседателот не е компетентен, туку полицијата.
    Борис е компетентен за Ирак. Тој не е компетентен за Македонија.

    5. Амди Бајрам вратил дел од украденото во Македонка. Што не е негово, си враќа. Се разбира, кога ќе му го побараат. Чесна работа.

    6. Претседателот на Републичкиот судски совет Јордан Десковски вчера најостро дематираше дека мочал по улици. Тоа е општа хајка против него, оти Бранко сака да го пензионира.
    Дескоски толку се налутил на Владата што решил да му пише писмо и на американскиот амбасадор Лоренс Батлер. Не е познато дали Батлер го читал писмото во ракавици.

    7. Сега, откако не постои Југославија, ние сме единствените Југословени од Бившата југословенска република Македонија. Бидејќи името БЈРМ веќе нема смисла, сега во ОН ќе се бара ново име. И какво име да и дадеш на оваа земја, ако не е Земја Будалија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира