АДВОКАТСКА ЗАШТИТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:86:"МеџитлијанееБлацезаштоРомитенесеАлбанци

    1. Љубчо веќе нема да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Така што неговите идеи за поделба на Македонија ќе изгубат од актуелност. Ама, ќе добијат на тежина.
    Еве, во Куманово, средношколците Албанци со дводневна блокада на патиштата и неколкучасовнен штрајк со глад на родителите се изборија да не учат во исти згради со Македонците.
    Во Скопје, уште една извојувана битка е камен темелникот за новата зграда на гимназијата “Зеф Љуш Марку”. Таа ќе биде подалеку од Никола Карев, од другата страна на Вардар.
    Во Гинеколошката болница во Чаир, коалиционите партнери донесоа директор од Приштина. Штом болницата е во Чаир, според коалициониот договор директорот мора да е Албанец. Ако нема гинеколог тука, ДУИ ќе го увезе од Косово. По истата логика, СДСМ гинеколозите од Чаир треба да си ги повлече од својата страна на Вардар.
    Таканареченета меѓународна заедница не го има сменето односот кон Македонија. Во 2001 година, кога разни емисари доаѓаа во официјална посета на државата се среќаваа со тогашниот премиер Љубчо Георгиевски и задолжително со неговиот коалиционен партнер Арбен Џафери. Сега доаѓаат да се сретнат со Бранко Црвенковски и задолжително со неговиот коалиционен партнер Али Ахмети. Една коалиција, една држава, а два лидера.
    Штета што Љубчо се повлекува. Тоа особено тешко ќе му падне на Бранко. Нема да може да го обвини дека ја дели Македонија.

    2. Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон од Охрид ни порача: “Ако не го контролирате криминалот, криминалците ќе го контролираат регионот”.
    Добро го тоа кажа Робертсон. Откако ни ги донесоа криминалците на власт, уште и памет ни солат.

    3. Минатиот петок во Тетово имаше масовна тепачка меѓу Албанци и Македонци. Истата ноќ беше нападнат полициски хермелин со мешовита полициска патрола. Во саботата в зори со ракетен фрлач беше нападната касарната на АРМ во Тетово. Одговорноста за нападот ја презеде АНА.
    Во неделата ОБСЕ организираше трка на мирот на релација Скопје – Тетово.
    Готово. Војната заврши.

    4. Бидејќи војната и на Косово е завршена, Грција одбива да ги прими косовските Роми кои четири години се бегалци во Македонија. Албанците ги избркаа Ромите од Косово и сега никој не им гарантира безбедно враќање дома.
    Зошто Грција, како членка на ЕУ не се потруди да им објасни дека на Косово може да се направи некаков рамковен договор, нешто што ќебиде добро за стабилноста на регионот и на Европа, нешто што ќе значи соживот, евроинтеграција и европски стандарди за човекови права. Наместо да им раскажува приказни Грција ладно им рече: “Не ве пуштаме кај нас”.
    Ромите седат цела недела на граничниот премин Меџитлија, целата ситуација добива димензии на хуманитарна катастрофа, ама Меџитлија не е Блаце, а и Ромите не се Албанци, а богами и Милошевиќ е на сигурно така што ниту грчките, ниту други европски бранители на човекови права и медиуми дигнаа паника за бездомните Роми.
    Нека крши глава на Македонија. Уште од 1999 година кога ни истоварија 300 илјади бегалци Меѓународната заедница има решение за косовскиот проблем. Ќе ни го тутне нас.

    5. Падна град и ги уништи лозјата. Се појави министерот за земјоделие Славко Петров и изјави: “Постои сомневање дека во противградната заштита имало пропусти”.
    Министерот е адвокат, на привремена работа во агрикултурата. Тој мисли дека и лозјата можат да се спасат од град со адвокатска заштита. Тој прво се сомнева, ќе прибира докази и дури после ќе утврди дали е точно тоа што го видел на теренот. Оти, можеби градот ги столчил лозјата, ама градобијната одбрана не затаила.
    Впрочем, оваа влада е позната по штедењето. Заштедиле на ракети, а го уништија родот. Освен, ако истрагата на адвокатот не покаже дека и за градот е виновна ВМРО-ДПМНЕ. Не им оставила ракети од лани. Се испукале пред 15 септември.

    6. Пред некоја вечер на А1 Телевизија беше кажано дека во исто време од државата отсуствуваат и претседателот на државата и претседателот на Собранието, кој по уставот треба да го заменува кога не е тука.
    Борис Трајковски е во Австрија, а Никола Поповски е во Литванија. Другиот ден, дури и премиерот Црвенковски замина за Италија.
    Нема место за паника и вознемиреност. Има кој да ја води државата. Батлер е уште тука.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира