СПРОТИВНА НАСОКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:88:"Владатаплаќаприватнизабавинадржавнасметка

    1. Во земјава нема никакви проблеми. Време е сите да се занимаваме со реконструкцијата на владата. И да се возбудуваме кога ќе слушнеме дека лидерот на ДУИ барал да се реконструира овој, или оној министер. А лидерот на ЛДП барал да се реконструира некој друг. Каква ли возбуда ќе предизвикаше веста дека лидерот на СДСМ побарал да се реконструира премиерот. Ама не знаел како да го изведе тоа. Му требале дополнителни консултации.
    Пенов се откажа од Гошев. На општо задоволство на Бранко. В година има локални избори. Пенов пак треба да биде градоначалник на Скопје. А Бранко не сака да ја растури коалицијата. Пенов на Бранко му обезбедува сигурна влада, а за себе пари. Да може се што раскопа низ градот, за една година – да закопа.
    Гошев пред ланските избори се фалеше: “Ние имаме тим”. Ама тимот него го смени. Сега ќе го наследи Никола Поповски. Гошев е економист – теоретичар. И Никола е економист – теоретичар.
    Дали и двајцата пред да го прифатат понуденото место самите си го поставиле прашањето: “Можам ли јас да обезбедам плата за тројца во фирмата?” Тоа е ноќниот кошмар на луѓето што во моментов се занимаваат со некаков бизнис во Македонија. Ниту Гошев, ниту Поповски до сега не биле во ситуација да обезбедуваат плата за никого, па ни за себе. Ако министерот не знае да си обезбеди плата за себе, како ли ќе обезбеди пари за 2 милиони луѓе?

    2. На пратеничкото прашање што прави Владата да го спречи создавањето Медицински факултет во рамките на болницата во Тетово, министерот Владо Бучковски одговори дека тамошниот директор Шинаси Гафури си правел приватна забава.
    СДСМ не може да се ослободи од влијанието на Фрчко. Тој на времето кога Фадил Сулејмани го правеше Малоречанскиот универзитет изјавуваше дека тоа е приватна журка.
    Приватната журка на Сулејмани стана легален универзитет што ќе го плаќаме сите. Така и приватната забава на Гафури ќе стане легален медицински факултет. Само што Сулејмани на времето беше почесен од Гафури. Тој барем не земаша плата од државата.
    Бучковски рече дека целата влада е против тој проект. Ама, тоа не ја спречува да го финансира. Владата дава државни пари за приватни забави.

    3. Министерката Илинка Митрева беше во Брисел. Во исто време Потпретседателката на Владата Радмила Шеќеринска задолжена за евроинтеграции беше во Бразил. И двете си дојдоа дома. И ја продолжија мисијата за евроинтеграција.
    Кога Папандреу како претседавач на ЕУ беше во Македонија, Илинка беше во Торонто. Кога претседателот на Европската комисија Романо Проди зборуваше пред пратениците во македонското Собрание, Илинка беше во Москва.
    Илинка и Рада ја сфаќаат евроинтеграцијата како светски процес. Ја шират европската идеја кон светот. Само што македонските евромисионерки не се секој пат дома кога Европјаните доаѓаат кај нас. Движењето им е во спротивна насока.

    4. Директорот на Електростопанство Панде Лазаров се пофали дека наплатата во Арачиново скокнала за 12 отсто. Од 4,4 отсто домаќинства што плаќале струја, сега плаќаат дури 5 отсто. Замислете, тој тоа го кажува како некој голем успех.
    Замислете колку ќе биде задоволен кога наплатата ќе се зголеми за 100 отсто. На неговата среќа ќе и нема крај оти струја ќе плаќаат 10 отсто од Арачиновците. Панде ќе блеска од просветлување. На Електростопанство му е загаранитирана светла иднина.

    5. Во средното училиште “Арсени Јовков” ги скратиле часовите и ги промениле смените за настава затоа што почнале рамазанските пости. Според кој закон за постење се скратуваат часови? Дури и поред Коранот малолетниците се ослободени од пост.
    Доаѓаат божиќните пости. И тогаш ќе се скратат часовите?

    6. Зошто сите го критикуваат Бранко дека не создава добра почва за странски инвестиции и дека дури и ги брка. Борис уште е претседател. Тој е најголемата странска инвестиција во Македонија. И уште не е избркан од земјава.

    7. Требаше да помине цела недела во стручна расправа дали во Маџари се појавиле црви или стоногалки, за конечно некому да текне дека треба да се истребат. Што и да се, не требаше да се арчат пари за нив. Кај и да е и црвите ќе сфатеа кај дошле. Сами ќе си отидеа.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира