ДР Ж СЕ ЕВРОПО!

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:51:""Свакаблесагледаунебеса".

    1. Тетовскиот универзитет е завршена приказна. Борис може колку сака да не убедува дека ќе размислува дали ќе го потпише указот за законот, ама и да не потпише сега, ќе потпише идниот пат. Кога можеа пратениците од СДСМ да прават идиоти од себе за да го поминат законот по секоја цена, тогаш и на Борис ич нема да му биде тешко да стави потпис. Не заборавил кој го изгласа во 1999 година и кој ќе треба да го гласа в година.
    Текстот на законот ќе го гледале советниците на претседателот. Пред да стави потпис, Борис ќе се консултирал со неговите експерти. На пример со Фрчко. Бидејќи тој е експерт за тетовскиот универзитет, уште од времето кога беше министер за внатрешни работи. Тогаш визионерски ни кажа дека тетовскиот универзитет е приватна журка на Фадил Сулејмани и издуван балон. Сметката од приватната забава ќе ја плаќаме сите.
    Ако Борис го послуша експертот, тогаш законот пак ќе се врати меѓу пратениците. Тие ќе го поминат експресно. Затоа што ДУИ преку СДСМ си го има Љупчо Јордановски. Со него, не тетовски, не втор, туку и трет универзитет на албански јазик ќе отворат.
    Љупчо ја сфати финатата на ВМРО-ДПМНЕ. Тие ќе викаат, а тој ќе гледа во таван. Зашто, како што нареди Кондарко, во Собранието мора да има ред. Што е тоа, шетање по тренерки, спиење по фотељи, тропање, музики, свирчиња и транспаренти. За да има ред, ако треба Кондарко ќе го ангажира и Хари Костов. Има ли Парламентот лиценца да работи после полноќ? Што е ова? Ноќен клуб, ли е, кабаре ли е? Кај е министерот Стевчо Јакимовски да интервенира? Кога веќе ништо не работи во оваа држава, нека го затвори и Парламентот. Ионака само трошат струја без потреба. Башка таму не излегуваат средношколци и студенти.
    Кога Љупчо ќе ја укине опозицијата, Груевски и Ганка ќе ја сменат тактиката. Од пратеници ќе преминат во илегала. Кога ќе падне ноќ, со кантички и четки ќе пишуваат графити на зградите околу Собранието: “Свака блеса гледа у небеса”.

    2. Љупчо Јордановски на А1 Телевизија ни објасни зошто пратеникот Гзим Острени во својата биографија се фали дека бил член на КЗК и генерал на ОНА. Тој рече дека никој не треба да се срами од својата биографија. И даде пример како претседателката на Републичкиот судски совет Ленче Софрониевска во својата биографија не се срамела да каже дека била член на СКМ.
    Љупчо – Бисерко со оваа изјава ги преврте борците во гробовите. За него КЗК и ОНА е еднакво на СКМ. Дали бил командант Острени или партизанка Лена, за Љупчо е важно дека не се срамеле од биографијата. СДСМ е континуитет на СКМ, а ДУИ на ОНА. Затоа ли толку добро соработуваат? И едните биле во шума и другите беа во шума. Со таа разлика што едните ја бранеа Македонија, а другите ја напаѓаа.
    И после, со ваков претседател на Собрание, некој се чуди зошто мораше да помине тетовскиот универзитет.

    3. Амбасадорот на НАТО Николас Бигман рече дека ако сака Македонија да биде спомената на Самитот во Истанбул, ќе мора да направи нешто спектакуларно. Спектаклот се случи. Борис и Бучко се смирија.
    И не само што се смирија. Туку се договориле дека нема да се караат до Самитот во Истанбул. После тоа може да ги извадат секирите. Тоа веќе би било поголем спектакл. Само што по Истанбул, на НАТО ништо нема да му значиме.

    4. Како ни се тресат во Европска унија, Брисел се подготвува за денот кога Македонија ќе аплицира во ЕУ. На самото споменување на зборот “Рада” цела европска бирократија се мобилизира за оценка на Македонија. Шеќеринска им се закани дека дури сега ќе видат што знаеме ние. Додека ни велат дека не е време да аплицираме, таа вели дека тоа ќе ни било дополнителен поттик за работа. Леле, леле… Др ж се Европо! Ние доаѓаме.
    Потпретседателката рече дека изјавите што пристигнуваат од ЕУ се во нијанси. На црна основа.

    5. Пред два дена беше пуштена приказната за корумпираните судии. Бранко има нова тема со што да не забавува наредниот месец. Сите знаат дека има корумпирани судии, цела јавност ќе учествува во ловот и на крај пак ништо нема да се случи. Ќе излезе нова приказна со која ќе не забавуваат до следните корумпирани.
    Пред една недела и министерот Јован Манасиевски откри топла вода кога кажа дека имало корупција кај докторите во комисиите за инвалидска пензија. Деновиве некој кажа дека имало корупција за доделувањето на меѓународните дозволи на камионџиите. Пред тоа имавме приказна за корупција на професорите на факултетите. И уште многу приказни за апсења и пуштања од затвор.
    Во оваа држава, во која ништо не се произведува, најдобар производ се приказните за одвелување внимание. На Бранко му помина третина од третиот мандат и се уште нешто лови. И до сега ништо не уловил.
    Пардон, го заборавив Амди Бајрам.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира