РЕТРО ФИОКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:99:"Љубеезаедносонеговитегенерали.Гиносивомислите.

    1. Кој уште се сеќава дека во Македонија пред две недели имало претседателски избори? Не не оставија да и се израдуваме на победата на Бранко. Само што си почнал да славиш, еве ти ги Џејми Шеј и Чакала вратени дома. Уште неосвестени од победата на правдата и коалицијата со ДУИ, го фатија и Љупчо Поповски со мито в џеб. Не успеавме ни да се погордееме од успешно завршените демократските избори во Европска Македонија, кога пак мораме да се занимаваме со Љубе. Бранко падна во втор план. Сега и тројца идентификуваа од исчезнатите.
    Што да правиш, се погоди времето. Баш сега стигнаа резултатите. И од исчезнатите, и од Пакистанците во Раштански Лозја, и од паѓањето на претседателскиот авион, и од млекото со прав. Па и Љупчо Поповски го чекале да присобере пари за да го фатат.
    Хари сигурно си рекол: “Да не ме стават мене премиер, дај јас да си ја зачистам фиоката”. Шурка Хари, Шурка низ фиоката и оп – Раштански Лозја. Да видам што има подолу – оп, резултати од ДНК-то на киднапираните. Туку кај ми се оние резулатине од Вејце, Карпалак и силуваните градежници?. Да не се во другата фиока со дигнатите во воздух во мотелот “Бриони”?
    Шурка Хари, шурка, па си мисли одвреме навреме кога ли ќе му дојде времето комплетно да ја испразни фиоката. Па си вели: “Ако Љубчо знаел за Раштански лозја, тогаш сигурно и Ахмети и Острени знаеле за киднапираните. Ќе ги прашам кога ќе се договараме за новата влада”.
    Фиоката на Хари е ретро-фиока. Откако ни се случија демократските избори Македонија тргна во иднината со настани од минатото.

    2. Извештајот на Комисијата за несреќата на претседателскиот авион покажа дека биле направени процедурални грешки на пилотите во текот на слетувањето кон Мостар. Мртвите не зборуваат. Инаку, којзнае што би рекле на коментарот на еден стручњак од цивилното воздухопловство, некој Валентин, не му го запаметив презимето. Тој мртов ладен на телевизија објаснуваше дека пилотите многу се знаеле меѓу себе и додека летале се разбирале со гестикулации.
    Во која процедура за летање и на која црна кутија се бележат гестикулации на екипажот? Што правеле несреќните пилоти? Трепкале со очи, мавтале со раце и нозе?! Летаме десно, и намигнуваш со десното око. Одиме горе, погледнуваш нагоре. Слетуваме, погледнуваш надолу, ама не малку, туку до петиците. Покажуваш три прста, тоа значи три илјади фити, покажуваш палец надолу, значи спуштање на тркалата.
    Кого прават будали? И најде кој да не прави будали. Службеникот, патем е и в.д директор за безбедност и раководител на одделението за пловидбеност и регистар. Значи тој е одговорен безбедноста на летањето во Македонија. Тој истиот е и член на Комисијата за утврдување на причините за несреќата. Значи сам си ја испитувал својата работа. Како ќе бара одговорност и од себе? Со гестикулации? Или, со оставка.

    3. Љубе се фалеше дека ќе му биде чест да биде заедно со своите генерали и бранители. Генералите се во затвор. Каде е Љубе?
    Каде и да е, тој сигурно е заедно со нив. Во мислите. Од ум не ги вади.

    4. Бидете патриоти, пијте млеко со прав. За наше добро.
    Прво, ги уценуваат сточарите, што не им го откупуваат млекото. Потоа сточарите го фрлаат млекото во канализација, оти не им го откупуваат. Нивното млеко е заменето со млеко во прав увезено којзнае од каде . И како сега да бидеш патриот и да пиеш македонско млеко.
    Бидејќи нема да им купувам млеко со прав, пак ќе се жалат дека немаат производство. Ако нема производство, нема да имаат пари да им го купат млекото на сточарите. И кој го уништува сега македонското сточарство? Не тие што произведуваат млеко со прав, туку тие што не сакаат да го пијат.
    Министерот за земјоделие Славко Петров не дава изјави за млекото. Тој вчера држеше прес конференција за развој на земјоделието во 2004 година. Не кажа ништо за млекото оти на минатата конференција кога пак зборувал за нешто многу битно, новинарите го прашале за тутунот, а не му го објавиле битното. Е, сега за млекото ќе зборел в понеделник, за да му го објавиме битното, дека во мај ја донел програмата за развој за оваа година.
    Добро е што програмата за замјоделие се објавува во мај. Има време до жетвата. Да го прашаш министерот Петров што се сади ова време во годината, ќе ти рече дека тоа не е битно. Битен е развојот.
    Нас уште во основно училиште ни велеа дека треба прво да посееш за да пожнееш. Ама министерот не е со основно. Тој е адвокат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира