СЛАВКОВО МЛЕКО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:107:"Семолатхроничнитеболнивоиднинарационалнодаумираат.

    1. Свечената инаугурација на претседателот на Македонија помина како што е ред. Без опозиција.
    Во 1999 година, СДСМ не беше на инаугурацијата на Борис.
    Во 2004 година, ВМРО-ДПМНЕ не беше на инаугурацијата на Бранко.
    Би било чудно да биде поинаку. Македонија си ги почитува традициите.

    2. Не барајте олово во млекото. Министерот за земјоделство Славко Петров рече дека во него нема тешки метали. Ни други руди. Нема цијанид, нема азбест, нема кобалт… Што очекува тој да има во млекото? Може ураниум, ако се нашло некое млеко во прав од Украина. Макар што и тоа не може да се докаже оти министерот не верува на Институтот за ветерина. Тој им верува на директорите на млекарниците што даваат пари за партијата.
    Млеката се обележани со знакот за квалитет. На нив пишува “Со гордост од Македонија”. На времето тоа беше акција спонзорирана од Американците. Тие не учеа како да продаваме квалитетни млечни производи.
    Министерот Славко Петров сега не учи како да купуваме млеко без тешки метали. Во рамки на неговата акција, на амбалажата ќе пишува “Со гордост од Македонија – Славково млеко”.
    Дали Американците ги научија нашите млекари како би поминале во Америка кога би продавале фалшливо млеко, а тоа не е напишано на амбалажата?Дали и таму, ќе поминеа само со прекршочна пријава од Гоце Пачемски. И дали ќе им дозволеа да си го допродадат млекото што им се нашло во продавниците. И згора на тоа ќе толерираа некој директор да и се заканува на државата: Ако ме фатите со млеко во прав, нема да го откупувам млекото од сточарите.

    3. Ете и Влатко Ѓорчев доживеа да го соберат во полиција. Поголема услуга не можеа да му направат.
    За да не им избега рано сабајле, Влатко мораше да отспие во полициска станица.
    СДСМ е најдобриот пријател на ВМРО-ДПМНЕ. Откако успеаја да ги фатат и Љубе и Војо и Ламбе и Станинов, сега и малиот Влатко се нареди во списокот на хероите од ВМРО-ДПМНЕ.
    А командант Баци го пуштија да си ги среди проблемите во семејството.

    4. На ВМРО-ДПМНЕ не му треба СДСМ за да настрада. Тие сами од себе си страдаат.
    Љубчо се враќа во партијата. Сигурно му се потрошиле парите. А и костумите веќе му се демоде.

    5. Во аптеките нема лекови на рецепт, оти лекарите нерационално издавале рецепти. Срам да им е на болните. Има да си платат. Или, ако веќе сакаат бесплатни лекови, тогаш нека бидат рационални. Наместо три пати на ден, нека ги пијат еднаш на три дена.
    Директорката на Градските аптеки се пожали дека хроничните болни ги трошат бесплатните лекови од 1 до 5-ти во месецот. Какво безобразие. Малку им е што се болни, па уште и хронично.
    Се молат хроничните болни во иднина рационално да умираат. И да најават. По можност да умрат пред први во месецот. За да може Фондот за здравство да си ги планира лековите за идниот месец. Да ги има барем до 6-ти, 7-ми во месецот.

    6. Локалните моќници се посилни од државата. Додека државниот инспекторат урива дивоградби во Охрид и Гостивар, градоначалниците ги легализираат. Ако денеска помине Трпејца на Галичица, зошто утре да не помине и Шпанското село на Водно. Башка Водно не е ни национален парк. А и што ќе ни е онолкаво езеро. Нека го затрупаат и нека градат и во него. Ионака само ги нервираме Охриѓани на лето.
    А зошто воопшто постојат закони за градење? Само џабе плаќаме инспекциски служби што не може да функционираат. Ионака не ни се брза за ЕУ. Нека гради кој каде сака, нека гради кој како сака. Што знаеш, можеби ќе излезе и некоја убава зграда што нема да има потпокрив од четири ката.
    Само што тогаш локалните началници ќе мора да живеат само од плата. Вака станаа милионери.

    7. Си отиде Бранко и Ристо Пенов се охрабри. Бара нови министерства за неговите луѓе. Министерство за евроинтеграции и министерство за јавни работи.
    Кога пред две години Трифун Костовски побара министерство за евроинтеграции, Рада и Илиника се отепаа објаснувајќи дека не ни треба. Сега кога на Ристо му падна истата идеја на памет, Рада и Илинка не се изјаснуваат.
    Министерството за јавни работи е всушност Министерство за предизборна кампања. Тоа министерство треба пред секои избори за разни патчиња, чешмичиња, столпчиња, паркови, огради…
    Наместо да ги ангажираат колите на ЕСМ и на другите министерства за политичка кампања, вака парите пред избори ќе си се трошат легално од буџетот.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира