ТОПЛИ ВЕТРОВИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:134:"ХариќеправиинвестицискибумсодоговорнаекономијанаНиколаПоповски

    1. Немам докази, ама и јас знам, а и Хари знае дека овие од СДСМ ќе најдат начин да го сменат.
    Ако не чини како премиер, ќе го сменат затоа што не чини.
    Ако е добар, ќе го сменат оти нема да има место за нив.
    Особено што Бранко се потруди да му остави многу добра екипа за работа.

    2. Еве, Хари вели дека ќе работи за пазарна економија и ќе го поттикнува претприемаштвото.
    Со кого ли сиромашкиот Хари ќе прави пазарна економија? Со Никола Поповски, кој сака да ги објави платите на менаџерите во “Телеком”? Кој странски инвеститор ќе ти влезе во држава во која министерот за финансии ќе им ги ограничува платите на вработените во приватните фирми? Ќе му дојдат странци на некој бизнис форум и министерот ќе им порача: “Ако сакате да инвестирате тука, платата мора да ви биде помала од мојата”.
    Наместо како главен благајник во државата да гледа да ги собере парите од најмоќната компанија, тој им ѕирка во џебовите на директорите. Само, Никола не е дете на договорната економија.Тој е дете на комунизмот.

    3. Како ви изгледа инвестициониот бум на Бранко? Прво не убеди дека уште еден трговски центар е важна странска инвестиција. Потоа со турскиот бизнисмен Рахми Коч направи договор со непосредна спогодба и му даде најатрактивно земјиште во центарот на главниот град на државата.
    Сега се чудиме зошто Коч бара да плати поевтини комуналии? Ќе бара, кога има кој да му даде.
    Со такви услови, и баба ми знае да инвестира. Ќе исели амбуланта, неколку стари бараки и нов ресторан, ќе направи лимена барака во центарот на Скопје и ќе собираа пари од кирии. Што ќе имаме ние од тоа? И тоа Бранко Црвенковски кога беше премиер го викаше странска инвестиција и почеток на економскиот бум.
    Новиот премиер Хари Костов уште не се изјаснил дали давањето земјиште во четири очи и непочитувањето на законите е сзоадавање услови за влез на странски инвестиции. Особено што Хари многу често се оградува од “Окта”. И таа беше дадена во четири очи, ” за општ интерес”.

    4. Љубчо Георгиевски ги честеше отпадниците од партијата. Во собраниското бифе јадеа тавче гравче.
    Ефектите од ручекот се почувствуваа уште вечерта. Во ВМРО-ДПМНЕ задуваа топли ветрови.

    5. Реформата во здравството е во полн ек. Градски аптеки ја сменија бојата. Се повеќе аптеки од црвено-жолти, стануваат сино-бели.
    Табли добија. Им фалат уште лекови.

    6. ВЕСТ ја отвори аферата со шверцувани цитостатици. Откривме криминал и сега ние ние треба да имаме грижа на совест затоа што несреќниците останаа без лекови.
    Државата нема цитостатици, а приватните аптекари што не ни кријат дека шверцувале лекови, ги уценуваат болните. И згора на тоа ни се прават морални. Шверцот навистина бил незаконски, ама бил етичен. Што е етично? Да продаваш десет пати поскап лек и да се богатиш на туѓа несреќа? Алал да им се парите.
    Што направи државата за да ја спречи уцената?
    Министерот десет дена молчеше.
    Никој не даде оставка и никој не заврши во затвор.
    Владата уште не поставува директор на Бирото за лекови затоа што коалицијата не може да се договори.
    Колку болни од рак носите на душа деновиве?

    7. Јани Макрадули ја искара опозицијата. Мавташе со некои весници од говорница и им порача: “Не читате весници, за да видите колку е добро!”
    Во кои весници Јани виде нешто добро? Да не прави СДСМ свој весник?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира