НЕНАДЛЕЖНИ НАДЛЕЖНИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:132:"СДСМнекасигопрашаАхмети:СамоМакедонцителисакаатдавлезатвоЕУ?

    1. Јавниот обвинител Александар Прчевски вели дека извештајот за авионската несреќа во која загинаа претседателот Трајковски и осуммина други бил “приказна за мали деца”.
    Од кога приказни за мали деца се раскажуваат на државни прес конференции? Значи, министерот за правда Иџет Мемети во Сараево не беше да го земе извештајот за несреќата, туку да слуша приказни.
    Во изготвувањето на извештајот учествуваа и луѓе од македонската држава. Никој од нив до сега не се оградил од текстот. Како тогаш тој документ за Прчевски не е меродавен и од надлежен орган според кој тој ќе можел да предложи одредени мерки.
    Што треба да се случи за да се покрене истрага, ако државна комисија не е надлежен орган?
    Загина претседтел на држава. Во несреќа на авион сопственост на државата загинаа девет луѓе. Поминаа четири месеци и никој не е надлежен за нивната смрт.
    Што мислат тие? Ќе и дадат плац на Вилма и ќе го затворат случајот!?

    2. Дојде некаков адвокат од Пакистан и му ги отворија сите документи за Раштански лозја. Го примија во полиција, Прчевски немаше забелешки на меродавноста на адвокатот и надлежноста и не кажа дека истрагата за Раштански лозја уште не е завршена.
    Адвокатот го пронајде виновникот и си ја побара оштетата.
    За убиените Пакистанци, Македонија ќе треба да плати 60 милиони долари. За загинатите во владиниот авион, што биле на службен пат со претседателот, никој не плаќа барем со оставка.

    3. Имавме атентат на првиот претседател на државата и до сега истрагата не покажала ништо.
    Имавме друг претседател што загина во авионска несреќа за кој не е потребна ни истрага.
    А Радмила Шеќеринска рече дека министрите ги чека напорна работа оти ќе мораат да одговараат на прашањата од ЕУ.
    Е па нека се фатат за работа. Имаат нерешени домашни задачи и без прашалниците.

    4. Командант Баци го придружуваше албанскиот премиер Фатос Нано и им го претставуваше на присутните на Тетовскиот универзитет.
    Министерот за внатрешни работи Силјан Аврамовски рече дека МВР не било надлежно за командант Баци. За него било надлежно Министерството за правда оти тој е затвореник.
    Фатос Нано е премиер на Албанија. Значи – премиер на странска држава.
    Дали кога во посета ќе дојде премиер на друга странска држава, МВР ќе му дозволи на затвореникот Баци да го придружува, оти тие не се надлежни за него.
    Кога ќе влеземе во ЕУ, некој ден и нашиот претседател ќе биде претседавач со Унијата. Кога ќе дојдат лидерите на ЕУ на Самит во Скопје и Баци ќе биде во обезбедувањето.
    Замислете, во близината на Буш, да речеме, да се појави некој затвореник со дијагноза дека е болен во главата. Бидејќи Силјан е американска школа, дали таму го учеле дека ФБИ во вакви случаи се прогласува за ненадлежна?

    5. До кога Али Ахмети ќе ни се заканува, а ние треба да му се плашиме? Сега пушта порака да не се доведувало во опасност се што до сега било постигнато. А Македонците треба да бидат среќни што живеат во мир.
    И?
    Опасноста е ако Арачиново не влезе во Скопје за да биде двојазично!?
    Само Македонците ли се среќни ако живеат во мир? Албанците се несреќни ако не се во војна!? Тоа ли сака Ахмети да ни го каже?
    Ако тоа сака да го каже, тогаш зошто молчат неговите коалициони партнери од СДСМ. Наместо да ни пуштаат пораки дека ако не се завршело ова со децентрализацијата, ќе се забавел нашиот пат кон ЕУ и кон НАТО нека си го прашаат Ахмети: Само Македонците ли сакаат да влезат во ЕУ?
    На што мисли Ахмети кога вели дека ќе се вратиме назад. Ќе оди пак во Шипковица и ќе испразни половина парламент и половина влада. Буџаку ќе се врати во Брисел да биде портпарол на ОНА-Обновена и да пишува писма по весници. Муса Џафери ќе престане да учи македонски јазик. Командант Баци ќе ја одложи операцијата на главата.

    6. Минатиот викенд владата и опозицијата се сретнаа во Маврово. Нормално, повторно ментори беа странците. Тоа им доаѓа нешто како настава во природа. А преговорите за новите општини како час по цртање.
    Преговорите за новата територијална поделба се во застој. За тоа постојат објективни причини. Батлер не е во Македонија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира