Администрацијата на ЈП „Комунална хигиена“ заедно со дел од вработените во јавните претпријатија на Град Скопке, ученици и извидници утрово го чистеа центарот на градот. Поделени во четири групи се собираа хартии, отпушоци, пластика фрлени на плоштадите Македонија и Филип Втори, во Старата скопска чаршија и на улица Македонија. Механизација пак од претпријатието го миеше плочникот на плоштадите.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани рече дека оваа акција под мотото „Одговорноста е наша за почисто Скопје“ се спроведува во рамките на 15 септември Меѓународниот ден на планетата.
„Хигиената во градот не зависи само од нас вработените кои секојдневно го собираме ѓубрето и ги чистиме улиците, туку од сите граѓани. Апелирам до граѓаните совесно да го одлагат ѓубрето и отпадот во контејнерите за да имаме почист град“, рече Шабани.
А. АНТЕВСКА