АЛИ КАПОНЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:38:"Достазапретседател

    1. Американците водат погрешна политика во Македонија. Запнале да изградат амбасада. Толку ли не се свесни дека се што побарале од нас, се сме им исполниле. Наместо да вложуваат 65 милиони долари за зграда, плус да плаќаат по 50 евра за квадратен метар земјиште, најдобро е да ја земат цела држава. Ќе им ја дадеме џабе.
    Ако Македонија стане една од американските држави, сите проблеми ќе ги решиме на демократски начин.
    Прво, Батлер нема да го сфаќаме како администратор. Ќе си го избереме за гувернер.
    Референдумот нема да биде проблем, оти ионака ќе бидеме влезени во НАТО. Ќе не земат сосе Албанци и ќе ни направат територијална поделба како што треба. Бидејќи ќе бидеме дел од најдемократското општество, на Албанците ќе им отворат државни универзитети и ќе ги вработат во државни институции, без да го знаат официјалниот јазик, за да бидат правично застапени. Единствено ќе мора да донесат нов закон со повластици за плаќање данок. Оти, ако и Албанците подлежат на даночната служба на САД, тогаш тоа ќе биде сериозно кршење на човековите права.
    Интеграцијата во американското општество ќе биде безболна. Лесно ќе се вклопиме оти и ние имаме мафија. Албанската мафија дури и во Њујорк станала посилна од италијанската. Наместо Ал Капоне, ќе го добијат Али Капоне.

    2. Многу убаво што архитектите се сетија да го бранат скопското Кале од намерата на владата на Американците таму да им дозволи изградба на амбасада. Само се прашувам каде беа последниве десетина години кога урбаната мафија ги уништи сите градови во Македонија и особено Скопје.
    Ми се допаѓа иницијативата да се собираат потписи на граѓаните. Ако ништо друго, луѓето барем почнуваат да мислат дека нешто можат да променат.
    Ги ставаме своите потписи на Плоштадот Македонија, спроти градилиштето на “Лумикс”, пред стоковната куќа што се распаѓа, недалеку од Камениот мост на кој му недостига стражарската кула и во близина на локациите што министерот Буџаку ги распродаде и никој не знае што чудовишта ќе измислат истите архитекти на тие места. Потоа со мирна совест и гордо се враќаме дома, во оние креатури од згради, што ни ги смислија архитектите – патриоти, со страв не дај боже да избие пожар, или некој се разболи, оти ни противпожарно, ни амбулантно возило не може да пристапи да не спаси.
    Каде беа урбанистите да собираат потписи кога Буџаку го распродаваше центарот на Скопје? Каде беа да организираат граѓанска акција кога самите тие со новокомпонираните транзициони богаташи ги уништуваа центарот на градот, старата чаршија, Дебар Маало, Кисела Вода, Водно? На големите архитекти само Америка им е достоен противник на нивните елитистички идеи. На професорот Живко Поповски не му е ниво да се бори против сопствените студенти што ги уништија Скопје.
    Ако утре Батлер распише конкурс за изградба на амбасадата, сите овие загрижени архитекти ќе се степаат ако треба макар и оградата да му ја бојосаат. Ако пак Американците ја напуштат идејата да градат на тоа место, Буџаку ќе го реши проблемот. Можеме само да замислиме какво ли чудо ќе изникне со гаража на првиот кат и со три потпокриви и без паркинг. За пари и таков проект се прави.

    3. Секретарот за одбрана на САД Доналд Рамсфелд рекол дека бил многу заинтересиран за Криволак како база на НАТО. По неколку дена во Романија им рекол дека е многу заинтересиран за нивните полигони како идни бази на НАТО.
    Рамсфелд ова го изјавува на три недели до изборите во САД. Тој не ни знае дали ќе биде идниот секретар за одбрана. А и ние не знаеме дали ќе бидеме во НАТО, оти нели имаме референдум од кој ни зависи членството.
    И Бучко и Рамсфелд не убедуваа дека од референдумот зависи дали ќе влеземе во НАТО. Два дена подоцна претставникот на НАТО во Македонија Денис Близ ни кажа нешто друго. Тој рече дека треба да го реформираме судството.
    Значи – не влегуваме во НАТО

    4. До сега мислев дека најголема заслуга за успех на референдумот ќе имаат изјавите на Бранко, Бучко и Батлер.
    Сега кога Ѕинго, Андов, Груевски и Тодор Петров почнаа да зборуваат за референдумот, се плашам дека референдумот нема да успее.

    5. И ние имаме американска партија. Произлезена од расколот на ВМРО-ДПМНЕ Доста Димовска ќе биде фактор што ќе ги обедини Американците. Нејзината нова партија ќе се вика Демократско републиканска унија на Македонија. Или, ДРУМ. Доста ќе ги обединува републиканците на Буш и демократите на Кери.
    Ако не усвојат Американците, на следните избори во Македонија ќе имаат еден сигурен кандидат. Доста за претседател. Или на англиски: Еноугх фор пресидент”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира