АЛО ТЕХНИЧКИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:49:"Сложнибраќасложнокрадат

    1. Бранко рече дека да бил на местото на Хари, причините за кои поднел оставка, за него ќе биле дополнителен мотив за работа.
    Хари рече дека му се смачило од ДУИ. По оваа изјава на шефот на државата, ако на Хари не му се смачи од Бранко, мене ќе ми се смачи од Хари.
    “Проблемите требало да се решаваат, а не да се одлагаат”, му порача пријателот Бранко на пријателот Хари од сончевиот Поградец во Албанија.
    Бранко знае како проблемите се решаваат, а не се одлагаат. Од 13 години независност, Бранко речиси 8 години беше премиер. И проблемите ги решаваше, не ги одлагаше. Како на пример приватизацијата, октоподот со ТАТ, денационализацијата, малоречанскиотр универзитет, немирите во Гостивар…
    Туку, да не се враќаме толку далеку. Еве, да одиме до 4 февруари годинава кога како премиер Бранко на владина седница изјави дека “министерството за транспорт е дувло на криминалот”.
    Два месеца подоцна Бранко го реши проблемот. Стана претседател. Буџаку се уште е министер во истото министерство, и тоа многу посилен отколку тогаш, а некојси Таџедин што беше службеник замешан во корупциската афера со меѓународните транспортни дозволи е унапреден.
    Проблемот е решен – неодложно.

    2. Бранко му забележа на пријателот дека избрал погрешен момент за оставката.
    Да. Моментот е навистина погрешен. Оставката доаѓа една недела по референдумот. Најдобро ќе беше Хари оставката да ја дадеше порано. Една недела пред референдумот. Ќе му дозволеше ли Бранко тогаш да биде погоден момент?
    Од ДУИ барем имаа доблест да му се заблагодарат на Хари што оставката не ја даде пред референдумот. СДСМ не му се заблагодари дури ни за тоа. Наместо да бидат среќни што не им направи циркус пред референдумот, тие сега уште и му попуваат дека избрал погрешен момент.
    Што е проблемот? Не се спремни за нов лидер, или не знаат во која кафеана да вечераат и кој да им биде сведок.

    3. Го искористија човекот како крпа и го фрлија. Дури сега Ермира Мехмети ни кажува дека Хари бил само “технички премиер”. Значи СДСМ и ДУИ си се имале договорено да не го фермаат. Му работеле зад грб.
    Да беше партиски, а не технички премиер, тогаш приказната ќе беше поинаква. Ќе можеше да краде и да не кажува дека и другите крадат. Сложни браќа, сложно крадат.
    Коалицијата функционира беспрекорно. Или, што би рекол претседателот Бранко – “Во Македонија нема политичка криза”.

    4. Штом нешто не им е по ќеф, Албанците не признаваат закон. Не им се допадна тоа што Хари прозборе за корупцијата и непотизмот и дека баш им е гајле и за рамковен договор и за државата, и тие решија да не го признаваат и премиерот. Бил – технички.
    Неизбежните гарантори на рамковниот договор беа кај Хари Костов да им раскаже зошто ја поднел оставката. Батлер од САД и Кјарини и Салин од ЕУ од кај Хари избегаа од новинарите преку гаража. Се скрија да не кажат нешто лошо за ДУИ.
    Во Македонија не можеш да упасиш ни најобичен криминалец, ако е Албанец, а тоа да не стане политички проблем и закана за дестабилизација на државата. Тогаш странците секогаш имаат што да кажат. Ама, кога паѓа влада заради корупција на министрите Албанци тие се кријат во гаража и велат дека тоа било внатрешни прашање.
    И Референдумот беше внатрешно прашање, ама Батлер, Салин и Кјарини секогаш имаа што да кажат.

    5. Странците ги убедуваа Македонците да не излегуваат на референдум. Велеа: “Седете си дома”.
    Една од причините за оставката на Костов е што ДУИ уценува со нови вработувања на Албанци. За да се примаат Албанци, ќе треба да се бркаат Македонци.
    Убаво СДСМ и странците ги советуваа Македонците да си седат дома. Само што сега нема да седат дома само во недела. Ќе си седат дома без работа и преку недела.
    Баш ми е ќеф за тие што не излегоа на референдум со образложение дека се во државни установи и ќе ги избркале од работа. Па ионака ќе ги избркаат. Муса Џафери нема да вработува во приватни фирми. Ќе вработува во државни.

    6. Кога Хари Костов знаеше за толку корупција меѓу сложните браќа, зошто молчеше? Ај што не можеше да ги смени, разбираме, оти беше “технички”, ама можеше да поднесе некоја кривична пријава.
    се замори Хари од пријавите против Ламбе, Војо, Фетаи, Даравелски, Љубе и особено против Амди Бајрам, па не му остана сила за пријателите.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира