ЉУБЕ БУЏАКУ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:149:"КајеонојсосаатотданикажекогаќедојдевремеМакедонијадавлезевоКондово

    1. ДУИ си доби свој Љубе. Агрон Буџаку до сега кажуваше многу смешни работи, ама вчера се надмина себеси.
    “Нема да се повлечам од Владата и од списокот на мојата партија за составот на новата Влада”, рече вчера Буџаку. Според него целата медиумска кампања која се води во име на борба против корупцијата по изјавите на експремиерот Хари Костов, има етнички карактер. “Таа е насочена кон еден етникум и кон мојата партија. Ние сме 25 отсто, тоа значи дека 25 отсто од населението е корумпирано”, рече Буџаку.
    Буџаку ќе останел во новата влада оти цело претседателство на партијата стоело зад него. Човекот бил чесен. И да земал, не земал за себе, земал за партијата.
    ДУИ е чесна партија. Како такви ја заменија ДПА. Оти Тачи бил нечесен. Тој кога земал пари за партијата земал и за себе.
    Значи има разлика меѓу Тачи и Буџаку. Буџаку збори пет јазика.

    2. На Љубе Буџаку не му е срам да се крие зад сопствениот народ. Оти тој е 25 отсто и сите 25 отсто се корумпирани. Ако Албанците му ја простат и оваа изјава, тогаш и си го заслужиле Буџаку. Како што си ги заслужија сите команданти, криминалци и бивши затвореници што сега ги претставуваат 25-те отсто, затоа што ниту еднаш не се побунија против нив.

    3. Можеби на Бучко и ќе му успее да се испазари со Ахмети за Буџаку. Ама прашање е, ако не е Буџаку, што ли ќе добие ДУИ на тоа име. И уште колку тоа сите ние ќе треба да го плаќаме.

    4. Документите што Хари му ги однесе на обвинителот Прчевски завчера, му ги дал на Ахмети и на претставниците на меѓународната заедница уште во август.
    Зошто Хари премиерот му ги давал документите за корупција на Ахмети, лидерот. Што е Али Ахмети во оваа држава? Институција ли е, суд ли е, племенски поглавар, шеф на држава?
    Сега е јасно зошто Буџаку велеше дека тој не одговара пред премиерот, туку само пред партијата. Ете зошто и Ермира Мехмети кога Хари си даде оставка рече дека тој ионака бил само техничко лице на привремена работа во владата.
    Значи Хари премиерот, кој сега веќе е Хари граѓанинот ни покажа дека во Македонија не ти треба ни судство, ни институции на државата. Треба да имаш само лидер на партија и меѓународен фактор. Партија те тужи, партија те суди.
    Тоа, мили мои ни во комунизмот го немаше. Ако ништо друго барем кога ги фингираа процесите, пак ги туркаа преку институции. И да одеа кај Тито и кај Лазо, барем формата ја спроведуваа.
    Не беше Хари единствениот што имал докази за корупција во Министерството за транспорт и врски. И претседателот Црвенковски кога беше премиер рече дека тоа министерство е дувло на криминалот. И тој ли документите прво ги однесе кај Ахмети. За да му ги чува до изботот на претседател.
    Има ли во оваа држава јавен обвинител кој ако веќе не му ги носат документите, барем чита весници и гледа телевизии.
    Како што Љубе Бошковски си доби двојник во Љубе Буџаку, така и Ставре Џиков си има добра замена во Ставре Прчевски. Само има разлика и меѓу нив двајцата. Ставре не се мешаше во својата работа. А овој не ни знае што му е работа.

    5. Најголемата драма на неделата беше дали Рада ќе прифати или не. Бучко добро ја истинтра. Три дена ја држеше на вести. Демек не изгубила на изборот. Три дена ни Кондолиза Рајс не беше на Си Ен Ен кога го менуваше Колин Пауел, а Бучко и овозможи на Рада три дена да ја држи нацијата во незивесност дали колешката ќе му дигне телефон додека е на продолжен викенд во Маврово и дали ќе и одговара старото друшво во новата влада.
    Да не имала таа некогаш подобра понуда? И да не можела да избира нешто подобро од вицепремиер за европски интеграции во земја што нема абер од Европа?

    6. Рада се кандиса. И повторно е активна. Таа вчера рече дека “решавањето на Кондово ќе биде сериозен тест за Македонија при влезот во Унијата”. И додаде: “Нема одење во Брисел со ваква ситуација на теренот”.
    Нели истата Рада ни велеше дека ако Кондово не влезе во Скопје, нема влегување во ЕУ. Ете, Кондово влезе во Скопје, ама Македонија никако да влезе во Кондово. Кај е оној со саатот да ни каже кога ќе дојде времето да влеземе во Кондово.
    За да влеземе во ЕУ, не за друго.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира