АГИМ ПРЕМИЕР

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:186:"ИмалиоваадржаванештопопаметнодасработиотколкувечнодасезанимавасовечнонамаченитеАлбанц

    1. Македонија покажа дека е толерантна земја. Особено кон криминалци со машинки во рацете.
    Има криминалци во едно село кое од неодамна се смета за дел од Скопје, ама државата нема ништо со тоа. Криминалците биле Албанци, па тоа било албанска работа. И бидејќи за Албанците самото споменување на зборовите полиција, суд, или не дај боже затвор, е репресија од најтежок вид, институциите на државата ги остави нивните партии да си го решаваат проблемот. Што има Македонија како држава со Кондово?
    Бидејќи во оваа земја институциите на државата не се мешаат во својата работа, албанските партии се зафатија да го решат проблемот. Ги замолија бандидите да си одат. Ќе се повлечеле само со лесното оружје. Што? Зарем топовите ќе ги остават? Им дадоа ли автобус како летото 2001 година на терористите во Арачиново? Ги испратија ли со меѓународни посматрачи? И дали имаше греење во автобусот, како тогаш што имаше клима уред за ладење оти беше жешко лето. Белким не ги пуштија онакви потконфликтно трауматизирани, да одат пешки по планините среде зима.
    Сиромашките криминалци немаат каде да одат. На Косово ги бараат Американците за да ги уапсат, во јужна Србија не би се вратиле ни во лудило, Албанија ќе мора да ги апси оти така ќе им каже меѓународната заедница и – ќе мораат да останат тука. Македонија стана депонија за регионалниот шљам. Нам ни било судено да им најдеме политичко решение. Се разбира, во рамките на Охридскиот договор.
    Нема да помине долго време кога овие заведени момчиња што го држеа главниот град на нишан, ќе се појават во некое друго место. Кај и да е, ќе дојде време за нова криза, ќе се јават од некое друго село со машинките на готовс за “легитимните политички барања” и за “бавното спроведување на рамковниот договор”.
    Зарем треба да се работи нешто во оваа држава? Зарем имаме нешто попаметно да сработиме отколку вечно да се занимаваме со вечно намачените Албанци.

    2. Незадоволните момчиња од Кондово барале дипломатски пасоши. Зошто и не би барале? Ене го Садула Дураку, човекот што ја сопре водата во Липково во 2001 и Куманово го држеше без вода цело лето, сега ќе има дипломатски пасош. Него вчера го избраа за министер за земјоделство, водостопанство и шумарство. Дојде од шума, ја исуши водата, сега ќе ја дели земјата.
    Агим Красниќи има големи шанси да го надмине Дураку во политичката кариера. Тој преку Кондово го контролира изворот Рашче. Ако Дураку што ја сопре водата за Куманово заслужи да биде министер, Красниќи, кога би го оставил Скопје без вода ќе заслужи да биде – премиер.

    3. Вчера и на домашната и на адресата во Редакција добив розова покана за сослушување од истражен судија. Пишуваше да се јавам ВЕДНАШ и ме предупредиле: “ако не се јавите во определеното време ќе бидете присилно приведени”. И тоа го потцртале рачно за да го сфатам сериозно.
    Што ли се случи, си се прашував? Да не сум убил некого одејќи кон работа, да не сум шверцувал дрога, да не ми нашле во колата оружје, да не сум држел заложници со пушка во раката?
    Ништо толку спектакуларно. Некое функционерче ме тужело за клевета, ама судовите кога се функционерчиња во прашање се многу ревносни.
    Да бев Албанец со пушка во раката ќе ми пратеа преговарач да видат каква е мојата политичка агенда. Можеби и некоја партија ќе ги ставеше моите барања во нивната програма, како што би рекол Мендух Тачи.
    За жал не можев вчера да се јавам веднаш. Ама полицијата можеше да ме приведе. Само требаше да дојде во Кондово да ме побара. Бев на гости кај Красниќи.

    4. Жителите на Рашче се спогодија со државата. Нема да го блокираат изворот, ама нема да плаќаат ни вода. Била нивна.
    Не знам што чекаат Битолчани? Зошто плаќаат струја, кога им го трошиме нивниот јаглен?

    5. Јован Манасијевски ден пред да си замине од Министерството за труд и социјална политика им ги намали парите за туѓа нега на 90.000 инвалиди во државата.
    Малку им е што се отепани од Господ, сега и Манасијевски мораше да ги доотепа. Толку ли му значеа тие бедни 100 денари што им ги скуси, па мораше тоа да го направи додека беше во оставка и чекаше да стане воен министер. И колку заштеди?
    Ебате државата што дојде до тоа дереџе да штеди на инвалиди. Башка, Владата е со социјалдемократска ориентација.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира