НАПРЕД НАШИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:107:"АмбасадоритеќејуришаатнаЕУсоголгаз,отизлатонемаат

    1. Ајде да гледаме оптимистички.
    2003 година беше година на стабилизација.
    2004 година беше година на економскиот бум.
    2005 година ќе биде година на јуриш кој пеколот.
    Тоа министерката Илинка Митрева им го најави на македонските амбасадори. Ќе мора да тргнат во пеколен јуриш кон ЕУ и НАТО.
    Гледам ЕУ и НАТО скрстиле раце и го чекаат јуришот на Илинка. Министерката ја води коњицата со фалангата на Александар Македонски и слепците на Самоил. Само да не им текне не Европјаните да добиеме покана за преговори во зима, па снегот да не спречи, како што не можевме да стигнеме на Второто заседание на АВНОЈ.
    Ама и тука има место за оптимизам. Времињата се променети. Во коњицата на Илинка, во заднината се крие тајно оружје. Командантите на ДУИ.

    2. Баш ќе биде интересно како ќе ги освоиме НАТО и ЕУ. Можеби со автоб усот кој ги возеше амбасадорите од Собрание до Клубот на пратеници. Дипломати се тие, не одат 500 метри пешки. Наместо автобус можеа да им дадат по 50 денари на четворица и да си одат со такси. А можеа да ги пуштат и со градски автобус. Кога ЈСП возеше бесплатно за признавањето од Америка, зошто да не ги вози и кон ЕУ.
    Освен ако и таму не им се појавеше Никола Поповски како кондуктер да им дупчи карти. Па за казна ќе ги симне од автобусот и ќе им држи говор за буџетот од 2 саата и 14 минути.
    Илинка си има проблем со Никола. И го скуси буџетот. Амбасадорите во Скопје имаа дводневен курс за дипломатска офанзива. Ги учеа како да се гребат. Да јадат по коктели. И да си носат ќесиња за дома. Ќесињата да си ги собираат од самопослуги оти и за тоа пари нема.
    Сега дипломатите ќе јуришаат со гол газ по светот. Оти злато немаме.

    3. Зошто се чудиме дека во иста држава функционираат два правни система? Еден во Скопје, друг во Тетово.
    Кога во Македонија функционира правната држава, веднаш имаме блокади на патишта, се појавуваат банди по селата, човечките права и слободи се загрозени, а безбедноста и мирот се загрозени.
    Кога нема правна држава, нема ни проблем. Селата си се слободно окупирани, нема блокади, правата и слободите целосно се заштитени дури и на илегалците од странство.

    4. Од денеска Македонија влегува во зоната на празници. Државната администрација девет дена нема да се работи. Ќе штедиме. Ние сме единствена земја во која на државата повеќе и се исплати да не се работи отколку да се работи.

    5. Идната година останаа да се решаваат уште употребата на јазиците, знамето, химната и грбот. Затоа што Рамковниот договор е жива материја и постојано се надградува.
    Да си посакаме среќа само уште идната 2005 година да ја потрошиме на Албанците.
    А после ќе се зафатиме со економијата. Како ни рече Бранко кога стана претседател: “Ајде сега на работа!”

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира