ПРЕТОВАРЕН БРОД

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:70:"Министритеќесеоткажатодосумплати

    1. Премиерот Бранко Црвенковски не размислувал сериозно како ќе ја спроведе пресудата на Врховниот суд да им се исплати заостанатите 8 отсто од пензиите на пензионерите, ама барем се посоветувал со некој стопанственик. Во завчерашното интервју за државната телевизија тој сликовито ни објасни, дека, ако бродот има капацитет од сто седишта, сто и првиот патник, кој ќе се појави со билет, правно има право да влезе во него, ама капетанот нема да го прими, зашто бродот ќе потоне. Потоа премиерот им порача на пензионерите дека единствено решение е да се печатат пари и наместо да примаат двесте марки, во иднина ќе примаат 10 марки пензија, па – како милуваат.
    Да продолжиме со истата приказна за бродот и капетанот. На бродот нема место за пензионерите, иако тие уредно уште навреме си купиле билет. Ако капетанот исплови и ги остави на пристаништето, не го решил проблемот, зашто тие може повторно да се сетат да бараат правдина на суд. Најдобро е капетанот да не го послуша искусниот стопанственик и да ги прими пензионерите на бродот.
    Па кога ќе се најде на отворено море, да ги фрли преку оградата оние што се отповеќе. Така ќе се реши енигмата каде отишле речиси осум пензии. Ги изеле ајкулите и некои други крупни риби.
    Бидејќи премиерот не плаши со инфлација, со едно едноставно објаснување, без некоја подлабока анализа, би му противставил едно мое, исто така, едноставно решение, исто така, без подлабока анализа.
    Зошто Владата не размислува осум месеци да се откаже од земање плата? Или, за да не им падне многу тешко, нека решат едно две-три години сите министри, пратеници и големиот број државни службеници да одвојуваат по осум проценти од своите плати, за да им враќаат на пензионерите на рати. Во меѓувреме, некои од нив можеби ќе паднат од палубата в море, па уште подобро. Веројатно, нема да се соберат доволно средства, ама и пензионерите ќе решат малку да и помогнат на државата па ќе се најде компромис. И нема да има потреба да се печатат нови денари и да се прави инфлација.Тука не би ги споменувал оние ситни суми од 400 илјади марки за собраниското бифе, двата милиони марки за новата сала во Парламентот, по неколкуте стотици илјади марки за реновирање на кабинетите на министрите… Тие мора да изгледаат убаво. Ни доаѓаат луѓе однадвор и министрите мора да покажат дека ние сме силна држава.
    Можеби предлогов нема да му се допадне на премиерот Црвенковски. Можеби ќе рече дека размислувањето ми е дилетантско. Признавам, бидејќи не се разбирам од висока економија. Ама и тој ќе мора да признае дека начинот на кој ја објаснив идејата одговара на неговиот начин на објаснување.
    Колку што ми е познато, одлуката на Врховниот суд е конечна, така што единствен правен лек е неприфаќањето и неспроведувањето на таа одлука. За да се оствари тоа во практиката треба да се очекува по ова прашање да замолчи Судот, Владата, медиумите и пензионерите.
    Кој е како нас? Ем живееме во правна држава, ем бродот нема да ни потоне.

    2. Вчера почна традиционалниот Шарпланински куп на Попова Шапка. Времето малку ја зафркна работата. Нема снег. Меѓутоа, тоа не би требало да не загрижува. Во Организациониот одбор на Купот е половина Влада. А министрите веќе научија да не лизгаат на суво.

    3. Неспорен пример за спонтана еволуција во политиката е лидерот на ВМРО-ДП, Владимир Голубовски. Човекот што во 1990 година, како припадник на екстремното националистичко крило на ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата изборни круга на првите парламентарни избори на митингот во Тетово се фалеше дека ќе ги сели Албанците, денес зборува за коалиција со СДСМ. Тоа го образложи како спонтан чекор на ВМРО-ДП, кој дошол како резултат на еволуцијата.
    Еволуцијата на Голубовски кон социјалдемократските идеи настана како резултат на неговиот спонтан чекор во Министерството за сообраќај и врски, во коешто спонтано стана советник на министерот Бузлески за фреквенции. Господинот изјави: “И јас имам право на работа”. А бидејќи СДСМ му даде работа, има ли пологично објаснување за неговата политичка еволуција. Освен тоа, советничкото место за фреквенции е како создадено за Голубовски. Нели се зборуваше дека бил искусен во воспоставувањето и одржувањето врски.

    4. На 4 февруари се одбележуваше 125-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. За него не учат дека е најкрупна фигура во македонската историја. На гробот во скопската црква Свети Спас цвеќе положи државната делегација. Во неа: потпретседателот на собранието Благоја Филиповски и министрите Владо Наумовски и Слободан Унковски. За 125-те години на великанот немаа  време ни претседателот на Собранието, ни претседателот на Владата. Тие одат на други годишници, многу помали и нејубилејни.
    Грците објавиле книга за браќата Манаки, ги претставиле како грчко културно наследство и ја дистрибуирале книгата низ светот. Ние сме имале повеќе книги за браќата Манаки од Битола, ама си ги чуваме дома.
    Досега Бугарите викаа дека Гоце Делчев е нивни. Ништо чудно и Грците да речат дека е Грк. И онака човекот е роден во Кукуш. Башка, го убиле Турците. Тоа е уште еден природен доказ. Штом бил против Турците, мора да е Грк.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира