Според првичните официјални информации, Министерството за надворешни работи информира дека во синоќешните бомбашки напади на меѓународниот терминал на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул меѓу повредените и загинатите, нема македонски граѓани, соопшти пред малку МНР.
„Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите погинати и повредени во нападите во кои неколкумина граѓани се загинати и повредени“, стои во изјавата од МНР.