СКОПЈЕ2014ВУД

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:112:"Зоштокајнассèтребадабидеспецијалнозадабиденормално?

    1. Во средата Американците се јавија со соопштение за специјалниот обвинител. Имаат големи очекувања од него. Во четвртокот и Германците се јавија да кажат дека и тие имаат очекувања од специјалниот обвинител. И СДСМ има очекувања. И ние имаме очекувања. Дури и Груевски има очекувања од специјалниот обвинител, штом си го испрати адвокатот, да му издејствува судот да ги изземе снимките од прислушуваните разговори како доказен материјал.
    Сите имаат очекувања од специјалниот обвинител. Баш ме интересира што ли си вика сега овој нормалниот обвинител Зврлевски што не е специјален. Кога си седи во канцеларија што си мисли? Се прашува: “Што барам јас тука?” Или си вика: “Ееех, да бев јас специјален обвинител ќе направев вака и вака…”. Па после му текнува дека можел и да направи нешто и како нормален обвинител. Оти во нормални земји нема специјални обвинители. Нормалните си ја вршат работата за која ги плаќаат даночните обврзници. Ама во Македонија, да беше нормалниот обвинител – нормален, немаше да има потреба од специјален.
    Ако до сега од авион се гледаше дека власта ќе направи сè да го блокира специјалниот обвинител, после одлуката на судот да не ги прифати како доказ снимките од прислушуваните разговори кои откриваат евентуален криминал, и од Месечината се гледа дека нам не ни треба само специјален обвинител. Ни треба и специјален суд. А и специјална полиција.
    Зошто кај нас сè треба да биде специјално за да биде нормално?

    2. Стварно, за што примаат плата нормалните луѓе на позиција, ако мора да се постави и специјална замена за нив? Ако работата на нормалните судии мора да им ја вршат специјални судии, тогаш нормално е и на нормалните министри да им се постават специјални заменици. Така ќе биде. И опозицијата не може да биде нормална. Мора да биде специјална. На секој што има функција да му се додаде по еден специјалец. За да биде нормално. Колку што паметам, кај нас секогаш покрај нормални претставници на меѓународната заедница, морале да испраќаат и специјални претставници. Па и наместо нормален премиер, ќе мораме да имаме специјален. За некако да дојдеме во нормала.

    3. За волја на вистината, Груевски е специјален премиер. Оти тој не е само премиер. Тој е градоначалник на Македонија. Урива полициски станици, спојува село со село, обезбедува паркинг за гастарбајтери, издава лични карти и пасоши… И тоа во истиот момент кога ќе се појави на вестите на телевизија. И тоа со само еден разговор на мобилен. Како во реално шоу. Шета озвучен со безжично микрофонче и дели среќа. Море, не смее ни да праша по телефон. Ако во попладневните вести во три, праша “Што е работата?”, уште истата вечер во 7 саат на “Сител” веќе јавиле дека се донел законот. Со кајрон: “Владата продолжува да ги решава проблемите на граѓаните”. И тоа е вест. А за што ја плаќаме ние Владата? За да не ги решава проблемите на граѓаните? Или да им создава проблеми?
    Бидејќи општините почнаа да даваат пари на стари ергени за прва жена, а Владата дава пари за трето дете, како тргнал Груевски со микроменаџирање, кај и да е, ќе почне да решава и љубовни проблеми. Па додека течат турските серии ќе оди кајрон: “Владата продолжува со решавање на проблемите на старите ергени и албанските невести”.
    Е сега, прашање е зошто по девет години стабилно владеење, Груевски не успеал да направи институции кои ќе ги решаваат проблемите, туку мора тој лично да ургира. Тоа нормалните новинари не го прашуваат. Ќе треба да се најдат специјални.
    Стварно, зошто кај нас сè треба да биде специјално за да биде нормално?

    4. Бидејќи ние и онака го заобиколуваме нормалното движење кон ЕУ со специјално, се зачудив зошто се дигна толкава џева дека заобиколницата околу Скопје ќе се затвора за сообраќај наредните 25 дена, оти на неа ќе се снимал филм. Големо чудо. Повеќе од 2000 години Скопје живеело без заобиколница, па палми не ни фалеле.
    За изнајмување на автопатот за период од два месеца филмаџиите ќе платат 200.000 евра. Има ли главен град во Европа што ќе најде есап да ја затвори заобиколницата? Кога државата пресметала дека изнајмување на пат ќе донесе повеќе пари од сите камиони што треба да поминат низ него, сосе стопанството во раст, сосе сите технолошки зони, сосе сите странски инвестиции и сосе сите автобуси во кои се превезуваат новите вработени и сосе сите коли со кои граѓаните ќе си ги трошат парите што ги заработиле со работните места во странските инвестициите, изгледа државата стварно е во економска криза.

    5. Туку, кога толку се исплатува изнајмувањето, зошто да не го изнајмиме и центарот на Скопје. И онака со години е затворен со тараби. И онака личи како филмски сет. Двете фонтани играат по тактот на музиката што трешти, возбудени деца и забулени жени мокри до гола кожа врескаат трчајќи низ фонтаната прскалка под коњот на воинот, и одеднаш зад нив се појавува фалангата на Александар со неколку Олимпии, измешани со комити и партизани, и по некои Мики и Мини. Каква сцена. А не е филм. Не е ни Холивуд. Не е ни Боливуд. Ова е Скопје2014вуд.

    6. Спикерот на Собранието Трајко Вељаноски пред претставници на британската фондација “Вестминстер” рече: “Фразите за демократија и дијалог треба да станат реалност, затоа што просторот за политиката на празни зборови се стеснува”.
    Аман бе Трајко, што така? Што ти стана? Ти ли си тој што на клоци ги избрка опозициските пратеници и новинарите од Собрание на 24 декември 2012 година? Види го ти Трајко. Се прави на Енглез пред Енглези.
    Уште Трајко зборот не го дорече, СДСМ тазе вратена во Собранието предложи три закони. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски веднаш свика прес-конференција и рече дека предлозите на СДСМ се дневен маркетинг и не се сериозни и тие нема да дозволат “Собранието да биде злоупотребено за промоција на неодговорната политика на СДСМ”.
    Значи Трајко, и Илија твој докажа дека фразите за демократија и дијалог станаа реалност и дека просторот за политиката на празни зборови навистина се стеснува.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира