ГО ФРЛИЛЕ В РЕКА ВОЗИЛОТО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВО БИТОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГО ФРЛИЛЕ В РЕКА ВОЗИЛОТО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВО БИТОЛА

    Непознати сторители во водите на реката Даргор го фрлиле возилото „југо“ на подрачното одделение за земјоделство во Битола. Од одделението ги отфрлија шпекулациите дека возилото в река го фрлиле незaдоволни земјоделци заради неисплатени субвенции, но не знаат како завршило во реката.

    Тие велат дека возилото било крај кејот и чекало да биде расходувано.

    Како што јави битолскта телевизија „Орбис“ екипа од крим техника при СВР Битола, извршила увид на местото на настанот, по што било констатирано дека се работи за намерно фрлање на возилото во реката. Полицијата натаму ќе работи на расветлување на случајот и на откривање на сторителот на ова дело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира