Голем камион удри во толпа луѓе во Ница, Франција, на Денот на Бастилја, при што загинаа “веројатно” 30 лица, а беа повредени повеќе од 100, изјави локален официјален претставник на префектурата за Си Ен Ен. Други медиуми не прецизираат бројка на загинати туку јавуваат за „многу мртви“.
Еден сведок, Американец, кој бил околу триесет метри од камионот изјави дека возачот на камионот се забил во луѓето, покосувајќи ги.
Полицијата пукала врз камионот.