ПАДНАА СЕРВЕРИТЕ НА ЈАХУ, ЕЛЕКТРОНСКАТА ПОШТА НЕДОСТАПНА ЗА КОРИСНИЦИТЕ

    ПАДНАА СЕРВЕРИТЕ НА ЈАХУ, ЕЛЕКТРОНСКАТА ПОШТА НЕДОСТАПНА ЗА КОРИСНИЦИТЕОд компанијата потврдија дека дел од нивните сервиси, вклучувајќи ја и електронската пошта, се недостапни. (Фото: принтскрин)

    „Јаху“, еден од најпопуларните веб сајтови во светот, е паднат утринава. Според сервисот „ДаунДетектор“, проблемите почнале околу 8.30 часот и погодени се корисници ширум светот.

    Причините за падот на серверите на „Јаху“ се непознати, а од компанијата твитнаа дека дел од нивните сервиси, вклучувајќи ја и електронската пошта, се недостапни, но приоритет им е да го решат проблемот и побараа корисниците да бидат трпеливи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира