Во скопските болници и клиники викендов и денес биле примени 178 пациенти со скршеници и повреди кои ги добиле оти се лизнале на замрзнатите улици и тротоари. Најмногу пациенти со скршеници и повреди се примени на Клиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“.
Во сабота и недела примени се 80 пациенти, од кои осум се задржани во болница, а останатиете се пуштени на домашно лекување. Денес пак во оваа болница примени се 16 пациенти со повреди од мразот, а еден е задржан во болница.
„Главно се повреди на надлактица, лакти, подколеници, скочни зглобови, а постарите и на колкови. Оние што се задржани на болничко лекување се со посериозни повреди и каде најчесто е потребна и хируршка интервенција“, велат од „Св.Наум Охридски“.
Во ургентниот центар на Градската општа болница „8-ми септември“ примени во петокот и викендот примени се 56 пациенти со поврди од мразот, од кои 40 се со повреди, а 16 со фрактури.
„Фрактурите најчесто се на рацете и нозете, а има и со скршени колкови. Од оние што се обратиле кај нас има и такви со набиенци и изместени зглобови, но тие не се водат како фрактури“, велат дежурните лекари од ГОБ „8-ми Септември“.
Викендов во Ургентниот центар на скопските клиники биле приемни 26 пациенти со повреди што ги добиле паѓајќи на замрзнатите улици и тротоари.
„Од применти пациенти пет се хоспитализирани на Траума, бидејќи имале потешки фрактури и била потребна хируршка интервенција. Останатите по укажаната медицинска помош се пуштени на домашно лекување“, велат од Ургнетниот центар на скопските клиники.