200 ТЕТОВЦИ ДНЕВНО ПОДНЕСУВААТ ДОКУМЕНТИ ЗА ОБНОВА НА ДОДАТОКОТ ЗА ТРЕТО ДЕТЕ

    200 ТЕТОВЦИ ДНЕВНО ПОДНЕСУВААТ ДОКУМЕНТИ ЗА ОБНОВА НА ДОДАТОКОТ ЗА ТРЕТО ДЕТЕДокументите се обновуваат од 1 јануари до 31 март, но секоја година гужвите се најголеми во првиот месец (Фото: СДК.МК)

    Пред објектот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, каде се поднесуваат документи за обнова на родителскиот додаток за трето дете, изминативе денови се забележуваат секојдневни турканици. Иако има доволно време за обнова на документите, тие сакаат оваа работа да ја завршат што е можно побрзо, па се создаваат големи турканици пред шалтерите.

    Од Центарот велат дека нема никакви промени во начинот на аплицирање и во предвидените рокови и обновата на документацијата трае до до 31 март.

    „Ова право на родителски додаток за трето дете е воведено во 2009 година и секоја година од 1 јанаури до 31 март корисниците се должни да извршат обнова на документите. Без разлика што има рок од три месеци за достава на документите, секоја година гужвите се најголеми во јануари. Центарот има околу 3.500 корисници на ова право, а дневно процесираме од 150 до 200 барања. За таа потреба, воведени се 11 шалтерски места каде се доставуваат документите. Освен ова, службите ќе работат и во сабота од 9 до 14 часот“, изјави раководителот на Центарот, Дарко Обадиќ.

    Оттаму апелираат граѓаните да ги носат потребните документи и лична идентификација за да не ги враќаат. Барателите треба да достават решение од суд дека не им е одземено родителското право, ако детето сѐ уште не оди во училиште да има копија од здравствена книшка каде се евидентирани вакцините, а ако оди во училиште, потребна е потврда дека е редовен ученик.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира