40-ГОДИШЕН МАЖ СЕ САМОЗАПАЛИ ВО КОЧАНИ

    40-ГОДИШЕН МАЖ СЕ САМОЗАПАЛИ ВО КОЧАНИЛицето се полеало со бензин пред Трговскиот центар во Кочани и се самозапалило. (Фото: МИА)

    Маж на 40-годишна возраст се самозапали денеска околу пладне пред Трговскиот центар во Кочани, објави државната агенција МИА. Според очевидци, тој се полеал со бензин, по што извадил запалка и се запалил.

    Минувачи веднаш реагирале и со противпожарни апарати од блиските дуќани се обиделе да му помогнат и да го изгаснат пламенот. Повикани биле и екипи на Противпожарната единица и на Брза помош, по што лицето биле пренесено во Кочанската болница, но поради сериозноста на повредите бил итно префрлен на клиниките во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира