АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ГО ЧИСТЕШЕ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

    АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ГО ЧИСТЕШЕ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕДиректорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани рече дека оваа акција под мотото „Одговорноста е наша за почисто Скопје“ се спроведува во рамките на 15 септември Меѓународниот ден на планетата. (Фото: СДК.МК)

    Администрацијата на ЈП „Комунална хигиена“ заедно со дел од вработените во јавните претпријатија на Град Скопке, ученици и извидници утрово го чистеа центарот на градот. Поделени во четири групи се собираа хартии, отпушоци, пластика фрлени на плоштадите Македонија и Филип Втори, во Старата скопска чаршија и на улица Македонија. Механизација пак од претпријатието го миеше плочникот на плоштадите.

    Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани рече дека оваа акција под мотото „Одговорноста е наша за почисто Скопје“ се спроведува во рамките на 15 септември Меѓународниот ден на планетата.

    „Хигиената во градот не зависи само од нас вработените кои секојдневно го собираме ѓубрето и ги чистиме улиците, туку од сите граѓани. Апелирам до граѓаните совесно да го одлагат ѓубрето и отпадот во контејнерите за да имаме почист град“, рече Шабани.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари