АКТЕРОТ ПЕЦЕ РИСТЕВСКИ Е НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО ШТИП, НА МЕСТОТО НА ФИЛИП СТЕВАНОВСКИ КОЈ ЗАГИНА ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКА

    АКТЕРОТ ПЕЦЕ РИСТЕВСКИ Е НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО ШТИП, НА МЕСТОТО НА ФИЛИП СТЕВАНОВСКИ КОЈ ЗАГИНА ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКАРистевски e актер на Народниот театар во Штип и досега одиграл стотина улоги. (Фото: Штипски театар)

    За нов в. д. директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип е назначен актерот Пеце Ристевски, откако претходниот директор Филип Стевановски загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март каде како музичар беше дел од групата „ДНК“. Стевановски беше именуван за директор во јануари.

    Ристевски дипломирал во 2003  на Националната академија за театар и филм во Софија. Се врати во Македонија и по краток престој и работа во Битолскиот театар се пресели во Штип и како актер на Народниот театар  досега одиграл стотина улоги.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира