АНОНИМЕН ДОНАТОР ДОДЕЛИ ИЛЈАДА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА НА ДЕЦАТА ОД ТЕТОВО

    АНОНИМЕН ДОНАТОР ДОДЕЛИ ИЛЈАДА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА НА ДЕЦАТА ОД ТЕТОВООваа донација за донаторот е хуман гест со кој сака да ги израдува децата кои дојдоа на Плоштадот во Тетово. (Фото: СДК.МК)

    На Градскиот плоштад во Тетово, Дедо Мраз денеска делеше новогодишни пакетчиња на децата. Со музика и забава беа поделени околу 1.000 пакетчиња кои се донација од анонимен донатор.

    „Ќе поделиме околу 1.000 новогодишни пакетчиња. Сите се донација од анонимен донатор. Зошто сака да биде анонимен? Затоа што за него не е важно кој ги дава пакетчињата, важно му децата да бидат радосни и среќни во овие новогодишни празници. Тоа за донаторот е хуман гест со кој сака да ги израдува децата кои денеска се дојдени на градскиот плоштад“, изјави еден од организаторите на настанот.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира