БЕСПЛАТНО ПОДЕЛЕНИ 700 ОБРОЦИ ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК ВО ВЕЛЕС, БЕЗ ГУЖВИ И ТУРКАНИЦИ

    БЕСПЛАТНО ПОДЕЛЕНИ 700 ОБРОЦИ ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК ВО ВЕЛЕС, БЕЗ ГУЖВИ И ТУРКАНИЦИВо акцијата учествуваа и волонтери од Општинската организација на Црвениот крст во Велес. (Фото: СДК.МК)

    Во Велес за Велигден бесплатно беа поделени 700 оброци. Како и изминатите шест години, празничниот ручек го обезбеди гостилницата „Боем“ со поддршка од донации на граѓани и компании. Оброкот се делеше во Младинскиот парк, каде што сите порции беа распределени за околу 90 минути.

    За разлика од бесплатната поделба на 2.000 табли јајца пред десетина дена имаше метеж и хаос, овојпат оброците се подигнуваа без гужви и турканици.

    „Мотото на нашата акција е нула гладни во Велес, и тоа од тие кои имаат повеќе за тие што имаат помалку. Седми пат, седма година донираме празничен ручек за Велигден, бидејќи секој заслужува свечен ручек. Поделивме седумстотини порции на луѓе кои не можеа да си го дозволат тоа. Граѓаните беа дисциплинирани, чекаа во ред и покажаа висока свест, за што помагаа и волонтери“, изјави Трајче Мешков, сопственик на гостилницата „Боем“.

    Дел од празничниот ручек беше доставен и до дежурните служби во градот  – полицијата, Итната помош, противпожарната единица и Велешката болница. Во акцијата учествуваа и волонтери од Општинската организација на Црвениот крст во Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира