Еден бездомник бил пронајден мртов, а друг со нарушена здравствена состојба е префрлен во битолската Клиничка болница. Од болницата за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека две лица биле донесени, од кои едното мртво со смрзнатини, а другото лице е живо и кај него биле забележани повреди по телото. Сместено е на Одделението за хирургија и е во добра здравствена состојба.
Од полиција, пак, велат дека добиле дојава од сосед дека на место каде што двајцата бездомници престојувале некој ги нападнал. Се испитува дали едното лице починало од студ или пак се работи за некаква физичка пресметка. Од СВР Битола најавија дека наскоро ќе дадат дополнителни информации за случајот.
Мртвото тело било пронајдено утрово околу шест часот на улица „4 Ноември“ во Битола.
Ж.З.